Прејди на содржината

Хјурон

Од Википедија — слободната енциклопедија
За истоимениот народ видете Хјурон (народ).
Езерото Хјурон.

Хјурон е едно од Големите езера. Тоа се граничи на запад со Мичиген, а од исток со покраината Онтарио. Името на езерото му го дале раните француски истражувачи, а е засновано на Хјурон народот кои го населуваат околниот регион.

Географија

[уреди | уреди извор]

Езерото Хјурон (45°00”N 83°00”W) е второто најголемо од Големите езера, со површина од 59,600 км2,[1] блиску до големината на Западна Вирџинија, правејќи го третото најголемо слатководно езеро на Земјата (четврто, ако се вклучи и соленото Касписко Езеро). Хјурон содржи 3,538 кубни km вода и има бргова линија долга 6,157 км.[1]

Хјурон се наоѓа на 176 m надморска висина.[2] Просечната длабочина на езерото е 59 m, додека максималната е 229 m. Езерото е долго 332 км и широко 245 км.[2]

Поголеми градови на Хјурон се: Сагинау, Мичиген, Беј Сити, Мичиген, Алпена, Мичиген, Шибојган, Мичиген, Сент Игнас, Мичиген, Порт Хјурон, Мичиген, Годерих, Онтарио и Сарнија, Онтарио.

Забележлива атракција на езерото е островот Мантулин, кој ги дели Северниот Канал и Џорџискиот Залив од основната маса на вода на Хјурон.

Геологија

[уреди | уреди извор]

Езерото Хјурон е поврзано со езерото Мичиген, кое лежи на иста надморска висина. Протокот Макинак ги прави овие две езера геолошки и хидролошки истата маса на вода. Горното Езеро е значително повисоко од овие две. Тоа се празни од реката Сент Мерис кај Со Сент Мари откаде се влева во Хјурон.

Како и другите Големи езера, и Хјурон е формирано од стопениот мраз од ледниците.

  1. 1,0 1,1 „About Our Great Lakes: Lake by Lake Profiles“. NOAA - Great Lakes Environmental Research Laboratory. Архивирано од изворникот на 2022-01-26. Посетено на 2022-01-31.
  2. 2,0 2,1 „Physical features of Great Lakes“. project.geo.msu.edu. Посетено на 2022-01-31.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy