Афоризам
Афоризам[1][2] (од грчки αφοριζειν, aforismos — дефинирање, одредување), буквално, определување или дефиниција — поим што се користи за да се опишат начелата изразени со неколку зборови или општи вистини изразени во кратка реченица,[3] на таков начин што откако ќе се слушне, лесно се памти.[4]
Битни одлики на афоризмите се: јадровитост, промисленост, духовитост и актуелност. Претставува еден од најкратките уметнички жанрови. Најчесто се поврзува со теми како политика, општество, етика и филозофија, но и со други области од човечкото творештво. Успешен афоризам е оној што содржи уметничка своеобразност. Афоризмот никогаш не ги остава читателите рамнодушни и секогаш ги поттикнува да размислуваат за пораката на творецот, која обично се наоѓа на крајот од изјавата, понекогаш дури и само во еден збор.
Изразувајќи се преку афоризам, афористот секој пат создава минијатурно, но изворно книжевно дело, сумирано на мал простор, честопати на неочекуван и малку парадоксален начин. Неговата „едноставност“ е само добро осмислена маска зад која се кријат бројни асоцијации.
Историја
[уреди | уреди извор]Поимот станал познат од збирката кратки медицински совети наречена „Афоризми“ од грчкиот лекар Хипократ[3] („Афоризми на Хипократ“), зачувани благодарение на Александриската библиотека што може да се смета за вистинско книжевно ремек-дело. Иако бил познат во античко време, античкиот афоризам бил сосредоточен на прагматичната страна на животот и како жанр претставувал вистинска реткост и се одликувал со својот краток облик.
Афоризмот го задржал своето медицинско значење до крајот на XVI век, кога шпанскиот правник и политичар Балтазар Аламос де Бариентес и италијанскиот историчар Филипо Кавриано го користеле во смисла на јадровито напатствие (како совет или лек) за општествените болести, нарушувања и противречности, кои се споменуваат во делата на Тацит.
Чудноста на поимот и неговата првична употреба веројатно придонеле афоризмот да не биде прифатен со иста брзина и на ист начин во просветените европски кругови. Денешните афоризми се одликуваат со книжевни и филозофски вредности. За модерна лулка на афоризмот се смета Германија (XVI век) и Франција (XVII и XVIII век).
Афористи
[уреди | уреди извор]Македонски афористи
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „афоризам“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „афоризам“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 3,0 3,1 Мишић, Милан, уред. (2005). Енциклопедија Британика. А-Б. Београд: Народна књига : Политика. стр. 86. ISBN 86-331-2075-5.
- ↑ Стамболић, Милош, уред. (1986). Речник књижевних термина. Београд: Нолит. стр. 4. ISBN 86-19-00635-5.
|