Прејди на содржината

Лондонско око

Координати: 51°30′12″N 0°07′11″W / 51.5033° СГШ; 0.1197° ЗГД / 51.5033; -0.1197
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лондонско око
London Eye
Карта
Општи податоци
СтатусЗавршена
Видпанорамско тркало
МестоСаут Бенк, Ламбет, Лондон
Координати51°30′12″N 0°07′11″W / 51.5033° СГШ; 0.1197° ЗГД / 51.5033; -0.1197
Пуштена во употреба31 декември 1999 година
Отворено: 9 март 2000 година
Трошок за изградба70 милиони фунти[2]
Висина135 метри[1]
Димензии
Пречник120 метри[1]
Проектирање и изградба
АрхитектФренк Антоли, Ник Бејли, Џулија Барфилд, Стив Чилтон, Малколм Кук, Дејвид Маркс, Марк Спероухок[3]
Архит. бироМаркс Барфилд Архитектс[4]
ИнженерАрап

Лондонско око (англиски: London Eye), познато и како „Милениумско тркало“ — огромно панорамско тркало на Саут Бенк на реката Темза во Лондон, Англија. Неговото оригинално официјално име беше Лондонско око на Бритиш ервејз, потоа Лондонско око на Мерлин ентертејнмантс и од 20 јануари 2011 година, Лондонско око на ЕДФ Енерџи што следи во тригодишниот договор за спонзорирање.[5]

Целосната градба е висока 135 метри, а тркалото има пречник од 120 метри. Во моментот, Лондонското око е највисокото тркало во Европа,[6] најпознатата платена туристичка атракција во Обединетото Кралство со над 3,5 милиони посетители годишно [7] и атракција која придонесе многу за изгледот на градот.

Откако беше изградено во 1999 година, тоа беше највисокото панорамско тркало во светот, сè додека во 2006 година, за првпат не го надмина Ѕвездата Нанчанг со 160 метри, а потоа во 2008 година, Сингапур Флајер со 165 метри. Потпрено со A-рамка само на едната страна, за разлика од повисоките тркала Нанчанг и Сингапур, творците, Лондонското око го опишуваат како највисоко [[тркало за набљудување".[8] Тоа нудеше поглед на градот од највисока гледна точка сè додека не го замени 245 метарската [9] видиковска платформа на 72. кат на облакодерот „Срча“, која беше отворена за јавноста на 1 февруари 2013 година.[10] Лондонското око се наоѓа во лондонската општина Ламбет, веднаш до западниот крај на Џубили Гарденс (претходно сосед на поранешниот Дом на откритијата), во Саут Бенк на реката Темза меѓу мостовите Вестминстерски и Хангерфорд.

Дизајн и конструкција

[уреди | уреди извор]
Потпрено со A-рамка само на едната страна, творците, Лондонското око го опишуваат како највисокото носечко панорамско тркало

Лондонското око го дизајнираа архитектите Френк Антоли, Ник Бејли, Стив Чилтон, Малколм Кук, Марк Спероухок и сопружничкиот тим Џулија Барфилд и Дејвид Маркс,[3][11]

Компанијата Маце била одговорна за организирањето на конструкцијата заедно со Холандија како главно градежно претпријатие за изработка на предмети од челик и Тилбари Даглас како граѓанско градежно претпријатие. Инженерите со кои се консултираа Тони Џи и Партнерс ги создаваа механизмите на фондацијата додека Бакет Ранкин ги создаваше морските механизми.[12]

Окото на Саут Бенк на Темза, со Џубили Гарденс (лево) и Каунти Хол (десно) во позадина

Натаниел Личфилд и Парнерс и помагаа на групацијата Тусодс да добие дозвола за планирање и градење под заштита за да ги промени ѕидовите на Саут Бенк на Темза. Тие ја проучија и резултатот го објавија во Член 106 од договорот приложен со оригиналниот договор. Подоцна, тие подготвија и апликации за дозвола за планирање и градење под заштита за трајно чување на атракцијата, што ја вклучи координацијата на Изјавата на околината и изготвувањето на изјава за планирање и поддршка која ги изнесува во детали причините за нејзиното чување.[13]

Вретеното, оската на тркалото, и затегнатите жици кои го поткрепуваат работ

Работ на Лондонското око го поткрепуваат затегнати челични жици[14] и тој личи на спица од тркало на велосипед. Во декември 2006 година Колор Кинетикс го обнови осветлувањето со ЛЕД (диода која имитира светлина) за да овозможи дигитална контрола на светлата наспроти рачната замена на геловите околу флуоресцентните цевки.[15]

Тркалото се конструираше на делови што пловеа со шлепери во Темза и се монтираа испружени право на потпорни платформи во реката. Откако тркалото беше готово, го кренаа во исправена положба со помош на дигалка што ја направи Енерпак.[16] Прво, го подигнаа за 2 степени на час сè додека не достигна 65 степени, па потоа го оставија во таа положба една недела додека инженерите да се подготват за втората фаза на кревање. Проектот беше европски со главни составни делови што потекнуваат од шест држави: челикот обезбеден од Обединетото Кралство, а произведен во Холандија од страна на холандската компанија Холандија, жиците од Италија, лежиштата од Германија (групацијата ФАГ/Шефлер), вретеното и оската на тркалото беа изработени во Чешка, капсулите во Пома во Франција (а стаклото за нив пристигна од Италија), а електричните составни делови од Обединетото Кралство.[17]

32-те затворени и климатизирани јајчести капсули за туристите, конструирани[18] и донесени[19] од Пома, се прицврстени на внатрешниот обем на тркалото и се вртат со помош на електрични мотори. На секоја од [20] капсулите е претставена една од лондонските општини,[21] и секоја капсула може да носи до 25 луѓе,[22] кои слободно може да се движат низ неа, дури обезбедено е и седиште. Тркалото се врти за 26 cм (10 ин) во секунда (околу 0.9 км/ч или 0.6 mph) па така едно завртување трае 30 минути. Обично не застанува за да собира туристи; брзината на вртење е доволно мала, па им дозволува на туристите да влезат и да излезат од капсулите кои се движат кога се ниско на земјата.[20] Сепак, застанува за да им дозволи на постарите туристи безбедно да се качат или симнат.[23]

Историја

[уреди | уреди извор]
Лондонското око на самрак

На 31 декември 1999 година, тогашниот премиер, Тони Блер, свечено го отвори Лондонското око, но сепак поради технички проблеми не беше отворен за јавноста сè до 9 март 2000 година. Уште од отворањето Лондонското око стана главен симбол и туристичка атракција.

Во 2006 година групацијата Тусодс ги исплати двата здружени сопственика, Бритиш Ервејз и фамилијата Маркс Барфилд (главните архитекти).[24] Следејќи ја набавката на Мерлин ентертејнмантс од групацијата Тусодс во 2007 година, денес таа поседува 100% од Лондонското око.

На 12 август 2009 година Лондонското око се соочи со нов бренд, овојпат се нарекуваше „Мерлин ентертејнмантс Лондон ај“ за да го покаже сопствеништвото на Мерлин ентертејнмантс. За атракцијата се изработи ново лого, овојпат беше во форма на око кое се состоеше од познатите обележја на Лондон. Ова се случи во време кога новиот Мерлин ентертејнмантс Лондон ај, во основата на центарот за билети во Каунти Хол, воведе 4Д искуство пред полетување.[25]

Секоја од 32-те јајчести капсули тежи 10 тони и може да носи 25 луѓе

За време на процесот на лицитација на Олимписките игри во 2012 година, лондонските организатори на лицитацијата објавија дека Амблемот на Олимписките игри ќе биде закачен на Лондонското око сè додека траат Летните олимписки игри 2012 година.[26]

На 5 јуни 2008 година беше објавено дека 30 милиони луѓе се возеле на Лондонското око од неговото отворање во март 2000 година.[27]

Во 2009 година Мерлин ентертејнмантс овозможија 4Д искуство пред полетување на Лондонското око, што е вкучено во цената на билетот. Реновираната билетара и киното во 4Д ги дизајнираше архитектот Кеј Елиот, што соработуваше со студиото Мерлин и со дизајнерот на проектот Крејг Сиба. Подоцна, студиото Мерлин ги назначи Симекс-Иверкс како професионалци за компјутерската опрема на театарот во 4Д. Филмот го напиша и го режираше режисерот на 3Д Џулијан Нејпјерм, а го продуцираше, Фил Стритер. Во истата година започна првата обнова на капсулата кое чинеше 12.5 милиони фунти. Секоја капсула беше симнувана долу и пловеше по реката до Тилбари Докс во Есекс.[28]

Во јануари 2011 година, прекрасна церемонија го обележа почетокот на тригодишниот договор помеѓу ЕДФ Енерџи и Мерлин ентертејнмантс.[29]

На 2 јуни 2013 година една капсула за туристи беше наречена Крунисана капсула во чест на шеесет годишнината од крунисувањето на Кралицата Елизабета II.[30]

  1. 1,0 1,1 „Structurae London Eye Millennium Wheel“. web page. Nicolas Janberg ICS. 2011. Посетено на 5 December 2011.
  2. Reece, Damian (6 May 2001). „London Eye is turning at a loss“. The Daily Telegraph.
  3. 3,0 3,1 „The London Eye“. UK Attractions.com. 31 December 1999. Архивирано од изворникот на 2010-01-16. Посетено на 7 January 2010.
  4. „About the London Eye“. Посетено на 1 January 2013.
  5. „EDF Energy naming rights“. Attractions Management. Посетено на 8 January 2011.
  6. Royal Mail Celebrates 10 Years of the London Eye
  7. „Explore the London Eye“. Londoneye.com. Архивирано од изворникот на 2008-11-20. Посетено на 7 January 2010.
  8. Merlin Entertainments Group
  9. „Shard observation deck to be Europe's highest“. Архивирано од изворникот на 2012-04-23. Посетено на 2013-12-30.
  10. „The Shard Opens Viewing Deck To Visitors“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2013-12-30.
  11. Rose, Steve (31 August 2007). „London Eye, love at first sight“. Guardian. Посетено на 7 January 2010.
  12. „Beckett Rankine – London Eye Pier Design“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-06-16. Посетено на 2013-12-30.
  13. „NLP – Project:“. Nlpplanning.com. Архивирано од изворникот на 2007-03-21. Посетено на 7 January 2010.
  14. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-05-21. Посетено на 2013-12-30.
  15. „Color Kinetics Showcase London Eye“. Colorkinetics.com. Посетено на 7 January 2010.
  16. Enerpac strand jacks lift London Eye Архивирано на 27 јуни 2015 г.. Enerpac.com. Посетено на 2012-02-06.
  17. Mann, A. P.; Thompson, N.; Smits, M. (2001). „Building the British Airways London Eye“. Proceedings of the ICE – Civil Engineering. 144 (2): 60–72. doi:10.1680/cien.2001.144 февруари 60 Проверете ја вредноста |doi= (help).
  18. Ashby, Charles. (2011-11-15) High-flying deal for Leitner-Poma Архивирано на 4 јуни 2012 г.. Gjsentinel.com. Посетено на 2012-02-06.
  19. Colorado's Leitner-Poma to build cabins for huge observation wheel in Las Vegas. Denverpost.com. Посетено на 2012-02-06.
  20. 20,0 20,1 „Interesting things you never knew about the London Eye“. London Eye. Архивирано од изворникот на 2014-08-12. Посетено на 2013-12-30.
  21. „Making the London Eye“. London Eye. Архивирано од изворникот на 2011-07-19. Посетено на 2 January 2009.
  22. Hester, Elliott (23 September 2007). „London's Eye in the sky not just a Ferris wheel“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот 2012-07-21. Посетено на 2013-12-30.
  23. „Information for Disabled Guests visiting the London Eye“. London Eye.
  24. „History of the EDF Energy London Eye“. Посетено на 18 September 2012.
  25. „A new eye on London“. London Eye.
  26. „Stunning image of a London Games“. Посетено на 15 August 2007.[мртва врска]
  27. „All Eyes on Eighth Wonder: The London Eye greets 30 millionth visitor and joins Stonehenge and the Taj Mahal as a world wonder“. web page. EDF Energy London Eye. June 2008. Посетено на 13 January 2012.
  28. Woodman, Peter (26 June 2009). „London Eye capsule taken away as refit starts“. The Independent.
  29. Merlin Entertainments, leading name in location based, family entertainment – MERLIN ANNOUNCES THREE-YEAR PARTNERSHIP FOR LONDON EYE WITH EDF ENERGY 070111 Архивирано на 4 октомври 2011 г.. Merlinentertainments.biz (2011-01-27). Посетено на 2012-02-06.
  30. „Queen lookalike unveils Coronation Capsule at London Eye“. london-se1.co.uk. 2 June 2013. Посетено на 8 June 2013.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy