Прејди на содржината

Drum and bass

Од Википедија — слободната енциклопедија
Drum and bass
Стилско потекло: Брејкбит хардкор, техно, хип-хоп, реге/рага, Денсхол/Даб, Фанк, Брејкбит, Џез
Културно потекло: рани/средни 1990-ти, Лондон и Бристол, Британија
Својствени инструменти: Синтисајзер - Драм-машина - секвенсер - клавијатури - Семплер - Личен сметач
Популарен: Отпрво само во Британија, сега низ целиот свет
Даркстеп - Драмфанк - Електростеп - Фјучрстеп - Хардстеп - Интелигентен драм енд бејс - Џезстеп - Џамп-ап - Ликвид фанк - Неврофанк - Рага џангл - Сембејс - Текстеп
Претопени жанрови
Брејккор - Брејкстеп - Дарккор - Дабстеп - Хипстеп - Текбрејкс - Рагакор

Драм енд бејс (англиски: Drum and bass), скратено d&b, DnB, dnb, d'n'b, drum n bass или drum & bass) е тип на електронска музика, познат и како jungle (џангл, џунгла), појавен во почетокот од 1990-тите. Се одликува со брзо темпо и брзи испрекинати удари на тапани (обично околу 160-180 удари во минута), со тежок, често сложен, бас. Во 2000-тите, драм енд бејс сѐ уште се смета за андерграунд музички стил, но има значајно влијание врз популарната музика и култура.

Драм енд бејсот произлегол од брејкбит хардкор и рејв-сцената од крајот на 1980-тите, и за време на првите десет години од постоењето, доживеал многу измени во стилот, примајќи елементи од рага, денсхол, електро, фанк, хип-хоп, хаус, џез, хеви метал, реге, рок, техно и транс.

pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy