Голема Речица
Голема Речица | |
Координати 41°59′25″N 20°56′44″E / 41.99028° СГШ; 20.94556° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 3.604 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1219 |
Шифра на КО | 28015, 28515 |
Надм. вис. | 456 м |
Голема Речица на општинската карта Атарот на Голема Речица во рамките на општината | |
Голема Речица на Ризницата |
Голема Речица — село во Општина Тетово, во непосредна близина на градот Тетово. Поради близината до самиот град, Голема Речица е приградска населба на градот Тетово.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено само 4 километри од центарот на Тетово.
Историја
[уреди | уреди извор]За настанокот на името на Голема Речица се врзува легендата со овчарот Невен Пејо. На Шар Планина недалеку од Тетово постоело место со повеќе богати извори на минерална вода на кои често навраќал овчарот Невен Пејо со своето стадо, да пладнува под сенките на костените и да пие ладна планинска вода. Над изворите со кисела вода, овчарите подигнале колиби и бачила. Тука настанало селото Голема Речица кое до денешен ден е познато по најдобрите сточари и овчари во Полог[2].
Кон крајот на XIX и почетокот на XX век селото било дел од Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голема Речица живееле 380 жители, сите Албанци.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Велика Речица — село во Долнопалчишка општина и има 127 куќи со 725 жители Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 950 Албанци.[5]
Голема Речица е големо село, коешто броело 1.989 жители во 1961 година, додека во 1994 година бројот се зголемил на 3.676 жители.
На пописот од 2002 година, селото имало 3.977 жители, од кои 3.949 Албанци, 4 Македонци и 24 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.604 жители, од кои 1 Македонец, 3.422 Албанци, 1 останат и 180 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 380 | — | 1.428 | 1.659 | 1.989 | 2.394 | 3.050 | 25 | 3.676 | 3.977 | 3.604 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
[уреди | уреди извор]Голема Речица е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:
Кичик маало
- Кичик (50 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Тие се основачи на ова маало. Овде живеат од пред околу 220 до 270 години.
Путре маало
- Путре (7 к.), Сефер (10 к.), Биљалар (8 к.), Бучко (4 к.) и Осман Ага (4 к.) доселени се во различен период од северна Албанија.
- Чајан (4 к.) доселени се од некое село Чајан во Љума, северна Албанија.
- Баки (4 к.) доселени се од селото Групчин во Скопско. Таму се доселени од северна Албанија.
Калец маало
- Али Беге (3 к.) најстар род во селото. Некои за нив велат дека се од турско потекло. Доселени од некое место во Турција.
- Мемишалар (16 к.) доселени се од Калиса во северна Албанија. Овде живеат од 18 век.
- Јајишлар (9 к.) и Фаља (2 к.) доселени се од северна Албанија.
Средно маало
- Џорде или Биљалар (7 к.) и Метолар (3 к.) доселени се од селото Мала Речица.
- Матњан (2 к.) доселени се од областа Матија во северна Албанија.
- Зеколар (3 к.), Ќосолар (7 к.), Цеко (8 к.), Салколар (6 к.) и Аголар (7 к.) сите се доселени од северна Албанија.
- Али Ага (1 к.) доселени се од селото Вешала. А таму од северна Албанија
- Дерала (5 к.) доселени се од селото Градец. А таму од северна Албанија.
- Јонуз Исеин (1 к.) и Абдула (1 к.) доселени се од селото Пирок. А таму од северна Албанија.
- Весел Скендер (1 к.) доселени се од селото Горно Палчиште. А таму од северна Албанија.
- Зекир (1 к.) доселени се од селото Чегране. А таму од северна Албанија.
- Џокер (3 к.) доселени се од селото Ујмиште во Љума, северна Албанија.
Во разни делови од селото
- Плоштан (12 к.) доселени се од некое село во областа Гора во Косово. Тие се албанизирани Горанци (Македонци).
- Царе (3 к.) ги викаат и Торбеши. Доселени се од македонското село Урвич.
- Чоропин (4 к.) доселени се од селото Синичане. Таму биле староседелци, каде што имаат и истоимени роднини.
- Коке (1 к.) доселени се од селото Камењане. И тие се албанизирани.[12]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постојат избирачките места бр. 1985, 1986, 1987 и 1988 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.862 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Г’зим Беадини (р. 6 август 1988) - македонски економист, заменик министер за финансии (2016);
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр.33
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|