Прејди на содржината

Голема Речица

Координати: 41°59′25″N 20°56′44″E / 41.99028° СГШ; 20.94556° ИГД / 41.99028; 20.94556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Голема Речица
Голема Речица во рамките на Македонија
Голема Речица
Местоположба на Голема Речица во Македонија
Голема Речица на карта

Карта

Координати 41°59′25″N 20°56′44″E / 41.99028° СГШ; 20.94556° ИГД / 41.99028; 20.94556
Општина Тетово
Население 3.604 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1219
Шифра на КО 28015, 28515
Надм. вис. 456 м
Голема Речица на општинската карта

Атарот на Голема Речица во рамките на општината
Голема Речица на Ризницата

Голема Речица — село во Општина Тетово, во непосредна близина на градот Тетово. Поради близината до самиот град, Голема Речица е приградска населба на градот Тетово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено само 4 километри од центарот на Тетово.

Историја

[уреди | уреди извор]

За настанокот на името на Голема Речица се врзува легендата со овчарот Невен Пејо. На Шар Планина недалеку од Тетово постоело место со повеќе богати извори на минерална вода на кои често навраќал овчарот Невен Пејо со своето стадо, да пладнува под сенките на костените и да пие ладна планинска вода. Над изворите со кисела вода, овчарите подигнале колиби и бачила. Тука настанало селото Голема Речица кое до денешен ден е познато по најдобрите сточари и овчари во Полог[2].

Кон крајот на XIX и почетокот на XX век селото било дел од Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.428—    
19531.659+16.2%
19611.989+19.9%
19712.394+20.4%
19813.050+27.4%
ГодинаНас.±%
199125−99.2%
19943.676+14604.0%
20023.977+8.2%
20213.604−9.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Голема Речица живееле 380 жители, сите Албанци.[3]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Велика Речица — село во Долнопалчишка општина и има 127 куќи со 725 жители Албанци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 950 Албанци.[5]

Голема Речица е големо село, коешто броело 1.989 жители во 1961 година, додека во 1994 година бројот се зголемил на 3.676 жители.

На пописот од 2002 година, селото имало 3.977 жители, од кои 3.949 Албанци, 4 Македонци и 24 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.604 жители, од кои 1 Македонец, 3.422 Албанци, 1 останат и 180 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 1.428 1.659 1.989 2.394 3.050 25 3.676 3.977 3.604
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Голема Речица е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

Кичик маало

  • Кичик (50 к.) потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија. Тие се основачи на ова маало. Овде живеат од пред околу 220 до 270 години.

Путре маало

  • Путре (7 к.), Сефер (10 к.), Биљалар (8 к.), Бучко (4 к.) и Осман Ага (4 к.) доселени се во различен период од северна Албанија.
  • Чајан (4 к.) доселени се од некое село Чајан во Љума, северна Албанија.
  • Баки (4 к.) доселени се од селото Групчин во Скопско. Таму се доселени од северна Албанија.

Калец маало

Средно маало

Во разни делови од селото

  • Плоштан (12 к.) доселени се од некое село во областа Гора во Косово. Тие се албанизирани Горанци (Македонци).
  • Царе (3 к.) ги викаат и Торбеши. Доселени се од македонското село Урвич.
  • Чоропин (4 к.) доселени се од селото Синичане. Таму биле староседелци, каде што имаат и истоимени роднини.
  • Коке (1 к.) доселени се од селото Камењане. И тие се албанизирани.[12]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1985, 1986, 1987 и 1988 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.862 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
  • Г’зим Беадини (р. 6 август 1988) - македонски економист, заменик министер за финансии (2016);

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Поп-Јовановски Апостол Македонски народни легенди.НИО „Студентски збор“, Скопје, 1986 г. стр.33
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 212.
  4. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.22.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy