Вилхелм II (Германија)
Вилхелм II | |||||
---|---|---|---|---|---|
Вилхелм II, цирка 1890 | |||||
Германски цар; Крал на Прусија | |||||
На престол | 15 јуни 1888 – 9 ноември 1918 | ||||
Претходник | Фридрих III | ||||
Роден(а) | 27 јануари 1859 Берлин, Прусија | ||||
Починал(а) | 4 јуни 1941 Дорн, Холандија | (возр. 82) ||||
Сопружник | Августа Викторија од Шлезвиг-Холштајн Хермина Рос на Грејц | ||||
Деца | Вилхелм, Принц на Германија Принц Еител Фридрих Принц Алберт Принц Август Вилхелм Принц Оскар Принц Јоаким Принцеза Викторија Луиз | ||||
| |||||
Династија | Хоенцолерн | ||||
Татко | Фридрих III | ||||
Мајка | Принцезата Викторија | ||||
Вероисповед | Евангелистичка Христијанска Црква | ||||
Потпис |
Вилхелм II (германски: Wilhelm II; 27 јануари 1859 — 4 јуни 1941) — последниот цар (Kaiser) на Германија и последен крал на Прусија. Владеел од 1888 до 1918 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Неговото целосно име било Фридрих Вилхелм Виктор Алберт Пруски (германски: Friedrich Wilhelm Viktor Albert von Preußen). Припаѓал на германската кралска династија Хоенцолерн. Неговиот татко бил Фридрих III кој владеел само неколку месеци во 1888 по смртта на својот татко Вилхелм I. Мајка му била Викторија, најстарата ќерка на британската кралица Викторија, па бил близок роднина со руската царица Александра.
Левата рака му била делумно парализирана поради повреда која ја имал при раѓањето.
Водел милитаристичка политика, ја унапредил воената индустријата, морнарицаа и го охрабрил освојувањето на прекуморските територии (германски: Weltpolitik).
Во Првата светска војна бил главно командант на германската војска, во сојузништво со Австроунгарија. Пред крајот на војната се одлучил за капитулација, но абдицирал текот под притисок на 9 ноември 1918. Наредниот ден заминал за Холандија, каде што побарал и добил азил и тука го поминал остатокот од животот.
Поврзано
[уреди | уреди извор]„Вилхелм II“ на Ризницата ? |