Прејди на содржината

Некар

Координати: 49°30′43″N 8°26′14″E / 49.51194° СГШ; 8.43722° ИГД / 49.51194; 8.43722
Од Википедија — слободната енциклопедија
Некар
Некај кај Штутгарт
Изворно имеNeckar
Местоположба
ЗемјаГерманија
Физички особености
Извор 
 • местоШварцвалд
 • надм. вис.706 м
Устие 
 • место
Рајна
 • координати
49°30′43″N 8°26′14″E / 49.51194° СГШ; 8.43722° ИГД / 49.51194; 8.43722
Должина362,4 км [1]
Големина на сливот13.928 км2 [1]
Проток 
 • просечен145 м3
Особености на сливот
ТечениеРајнаСеверно Море

Некар (герм. Neckar) — река во Германија со должина од 362 километри. Тече главно во југозападната покраина Баден-Виртемберг, но мал дел и во Хесен и се вбројува меѓу поголемите притоки на Рајна. Извира во областа Шварцвалд близу Филинген-Швенинген, на надморска височина од 706 метри, па минува низ Ротвајл, Ротенбург на Некар, Килхберг, Тибинген, Ниртинген, Плохинген, Еслинген, Штутгарт, Лудвигсбург, Марбах, Хајлброн и Хајделберг, и на крај се влева во Рајна кај Манхајм (на 95 метри надм. височина).

На потегот од Плохинген до Штутгарт, долината на Некар е густо населена, со многу индустриски области, вклучувајќи неколку познати претпријатија како Дајмлер АГ (Daimler AG) (Мерцедес-Бенц) и Мале ГмбХ (Mahle GmbH). Помеѓу Штутгарт и Лауфен, реката тече во живописни меандри и стрмни котлини со фосилен тријаски варовник и плеистоценски травертин. Долж долината се издигаат Оденвалдските ридови, каде се сместени бројни замоци како Бург Хорнберг и Бург Гутенберг во Хасмерсхајм, но и енергетски капацитети како затворената Обригхајмска и активната Некарвестхајмска атомска централа. Заминувајќи го Хајделберг, Некар излива просечно 145 m³/сек вода во реката Рајна, и со тоа е четврта најголема притока, и десетта река по големина во Германија.

Името „Некар“ доаѓа од латинските Nicarus и Neccarus, кои пак се изведени од келтскиот збор „никрос“, што знали „дива вода“ или „диво момче“. Од 1100 г. Некар почнал да се користи за сплаварење на дрвени трупци од Шварцвалд во други подрачја како Холандија, каде граѓата се употребувала за бродоградба.

Во текот на XIX век, традиционалните влечни чамци се заменети со паробродови кои користеле 155-километарски ланец за спротиводна пловидба.

Отсјај на куќи во Некар, Тибинген
Некар во Штутгарт

Во 1968 е завршена и последната од вкупно 27 каналски брани, и со тоа Некар станал пловен за товарни бродови околу 200 км спротиводно од Манхајм, па сè до речнниот пристаништен град Плохинген, каде се влева притоката Филс. Други поважни делови се Штутгарт, Хајлброн и Манхајм.

Течението на реката е популарно кај велосипедистите, особено во летниот период. Стрмните падини на речната долина се просеани со лозја, каде главно се одгледува сортата „Тролингер“.

Населени места крај Некар

[уреди | уреди извор]

Од изворот, па до вливот во Рајна:

Поважни притоки

[уреди | уреди извор]
Реката Керш, притока на Некар

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy