Прејди на содржината

Штутгарт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Штутгартскиот палатен кварт - Нова палата
Палатата на осаменоста

Штутгарт е град во јужна Германија. Тој е главен град на Баден-Виртемберг со околу 590.000 жители во градот и околу три милиони во неговата околина, односно Штутгартскиот регион.

Штутгарт се наоѓа во центарот на многу густо населениот југозападен Штутгартски Регион (со околу 2,7 милиони жители и 3.700 км2), блиску до Шварцвалд и Швапската Јура. Само градскиот центар, сместен блиску до реката Некар, има околу 590,000 жители и зафаќа површина од 207 км2. Штутгарт е еден од најпознатите германски градови по културна, административна и економска важност.

Штутгарт е шестиот најголем град во Германија, додека Штутгартскиот Регион е четврта по големина конурбација (по Рур, Рајнско-Мајнската област и Берлин). Соседни поголеми градови се Франкфурт на Мајна (210 км северно од Штутгарт) и Минхен (220 км југоисточно од Штутгарт)

Градот Штутгарт е поделен на 23 градски области, од кои најпознати се: Бад-Канштат, Моринген, Штамхајм, Унтертуркхајм, Фајинген, Цуфенхаузен, Фојербах.

Овој град е исто така и седиште на протестантскиот бискуп (Протестантска Државна Црква на Виртемберг) и едно од двете седишта на бискупот на римокатоличкиот диоцез Ротенбург-Штутгарт. Пентекосталната Biblische Glaubens-Gemeinde е најголемата мегацрква во Германија.

pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy