Прејди на содржината

Неустрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неустрија (во рамки на кралството на Сијагриј, потцртана со портокалова боја).

Неустрија (/ˈnstriə, ˈnj-/) или Неустразија (што значи "нова [западна] земја"[1], за разлика од Австразија) се наоѓала во западниот дел на царството на Франките, создадена во 511 година, кога по смртта на Хлодовик меровиншкото кралство било поделено на неговите четири сина[2].

Неустрија била составена од региони помеѓу Аквитанија и Ламанш, околу северниот дел на денешна Франција, со Париз и Соасон како нејзини главни градови[3]. Подоцна се однесувала на областа помеѓу реките Сена и Лоара, позната како кралство на Неустрија (латински назив: regnum Neustriae), како поткралство на каролиншката империја а потоа и како Западна Франкија. Каролиншките кралевите воедно ја основале и Неустриската марка која била гранично војводство против Бретонците и Викинзите која траела до Капетинската монархија на крајот на 10 век, кога терминот исчезнал како европски политички или географски поим.

Меровиншко кралство

[уреди | уреди извор]

Постојаната поделба на териториите од страна на потомците на Хлодовик довело до многу соперништва кои повеќе од двесте години ја ставале Неустрија во речиси постојана војна со Австразија, источниот дел на Франкиската империја.

Наспроти војните, Неустрија и Австразија во неколку наврати накратко и се обединиле. Првпат се обединиле за време на владеењето на Клотар I, во периодот од 558 да 562 година. Борбата за превласт потоа продолжила со кралицата Фредегунда од Неустрија (вдовицата на кралот Хилперик I (кој владеел од 566-584) и мајка на новиот крал Хлотар II (кој владеел од 584-628) која започнала жестока војна со Австразија. По смртта на мајка му и нејзиниот погреб во базиликата Сен Дени во близина на Париз (597), Хлотар II ја продолжил борбата против кралицата Брунхилда[4] и најпосле победил во 613 кога  следбениците на Брунхилда ја предале старата кралица во негови раце. Брунхилда, кралицата на Австразија доживеала ужасна смрт по нејзиното тридневно измачување.[4] Хлотар завладеал со обединетото кралство, но само за кратко, бидејќи за крал на Австразија го поставил неговиот син Дагоберт I. Кога Дагоберт ја наследил Неустрија следело уште едно привремено обединување.

Во Австразија, мајордомот Гримоалд Постариот кренал бунт па Хлодовик II го тргнал од функцијата и повторно го обединил кралството со Неустрија, но повторно само привремено. За време или веднаш по владеењето на синот на Хлодовик, Хлотар III, династијата од Неустрија, како претходно онаа на Аустразија, власта му ја дала на нивниот мајордом.

Во 678, Неустрија, под мајордомот Еброин, за последен пат ги поразила Австразијците. Еброин бил убиен во 681 година. Во 687, Пипин Херисталски, мајордом на палатата на кралот на Австразија, ги поразил Неустријците кај Терти, обединувајќи ги Австразија и Неустрија.

Пипиновите потомци, Каролинзите, продолжиле да владеат со двете кралства како мајордоми. Со благослов на папата Стефан II, по 751, Каролингот Пипин Малиот, формално ги тргнале од престолот Меровинзите и ја преземале контролата врз царството каде тој и неговите потомци владееле како кралеви.

Неустрија, Австразија и Бургундија потоа станале обединети под една власт и макар што ќе се поделат уште еднаш на различни источни и западни територии, имињата "Неустрија" и "Австразија" постепено исчезнувале.

Каролиншко поткралство

[уреди | уреди извор]

Во 748, браќата Пипин Малиот и Карломан му дале на нивниот помлад брат Грифо дванаесет окрузи во Неустрија околу Ле Ман. Оваа политика се нарекувала Војводство Мен (ducatus Cenomannicus), и било алтернативно име за кралството на Неустрија во 9 век.

Поимот "Неустрија" се однесувал на "земјата помеѓу Сена и Лоара" дадена како регнум (кралство) од страна на Карло Велики на неговиот втор син, Карло Помладиот, во 790 година. Во тоа време, главниот град на кралството се чини бил Ле Ман, каде бил кралскиот двор на Карло. За време на каролиншката династија, главна должност на неустрискиот крал била да се брани суверенитетот на Франките против Бретонците.

Во 817, Лудвиг Побожниот му ја доделил Неустрија на неговиот најстариот син Лотар I, но по неговиот бунт во 831 година, му ја дал на Пипин I од Аквитанија, а кога овој умрел во 838, кралството му припаднало на Карло Ќелавиот. Неустрија, заедно со Аквитанија, го формирале поголемиот дел од Карловото Западно франкиско кралство, истргнато од империјата со Верденскиот договор (843). Карло продолжил со традицијата да го именува постариот син да владее во Неустрија, со свој кралски двор во Ле Ман, кога го направил Луј Д‘ткавиот крал во 856. Луј бил последниот франкиски крал назначен во Неустрија од страна на таткото а практиката на создавање поткралства за синовите исчезнала кај подоцнежните Каролинзи.

Каролиншка марка

[уреди | уреди извор]

Во 861, каролиншкиот крал Карло Ќелавиот ги создал Неустриските марки кои биле управувани од страна на службени лица назначени од страна на круната, познати како вардени, префекти или маркгрофови. Првично, имало две марки, една против Бретонците и една против Норманите, често нарекувани Бретонска марка и Норманска марка.

Во 911, Роберт I од Франција станал маркгроф на двете марки и ја земал титулата демаркус (латински: demarchus). Неговото семејство, подоцнешните Капети, владееле на целата територија на Неустрија до 987, кога Иго Капет бил избран за крал. Грофовите на Неустрија имале поголема моќ од маркгрофовите кои биле на власт а времето на викиншките и бретонските грабежи поминало. По капетинското чудо, понатамошни маркгрофови не биле избирани а поимот "Неустрија" згаснал како европски политички термин.

Владетели

[уреди | уреди извор]

Меровиншки кралеви

[уреди | уреди извор]

Прецизна поделба на Франкија на кралствата Неустрија, Австразија, и Бургундија датира само од крајот на 6 век, па затоа, претходните кралеви кои владееле од Соасон или Париз оттука се исклучени.

Мајордоми

[уреди | уреди извор]

Овие биле главни службеници на кралевите и постепено станале де факто владетели во име на кралевите.

Каролиншки поткралеви

[уреди | уреди извор]

Луј бил избркан од Ле Ман во 858 по убиството на Ериспое во ноември 857.

Капетински маркгрофови

[уреди | уреди извор]

Само оние кои владееле со обединетата Неустриска марка се вклучени, иако титулата "од Неустрија" ја носеле и претходните маркгрофови на Бретонската и Норманската марка, најзначаен Роберт Силниот, предок на овие подоцнешни Капетини.

Историографијата

[уреди | уреди извор]

Главна хроника напишана од неустриска перспектива е книгата на Григориј Турски „Книга за историјата на Франките“ (латински: Liber Historiae Francorum)[5].

  1. „Neustria | historical kingdom, Europe“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2018-01-28.
  2. Kessler, P L. „Kingdoms of France - Paris / Neustria“. www.historyfiles.co.uk (англиски). Посетено на 2018-01-28.
  3. „Neustria facts, information, pictures | Encyclopedia.com articles about Neustria“. www.encyclopedia.com (англиски). Посетено на 2018-01-28.
  4. 4,0 4,1 „Brunhild | queen of Austrasia“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2018-01-28.
  5. Hodgkin, vol. vii, p 25.
    • Oman, Charles. The Dark Ages 476–918. Rivingtons: London, 1914.
    • Hodgkin, Thomas. Italy and her Invaders. Clarendon Press: 1895.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy