Прејди на содржината

Плетење

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алберт Анкер: Strickendes Mädchen (1884)

Плетењето — метод со кој конецот или предивото се претвора во облека или други мајсторски изработки. Сплетениот материјал се состои од последователни редици од врзувања наречени котелци. Како што се нижат редовите , ново врзување се провнува врз постоечкото . Активните котелци се држат на игла сè додека друго врзување не помине низ нив. Со овој процес се добива ткаенина која често се користи за облека.

Плетењето може да се реализира рачно или машински. Постојат неколку вида и методи на рачно плетење. Различни типа на конци и игли можат да се искористат за да се добие изобилие на плетени материјали: Овие алатки му даваат на крајниот резултат различна боја, плетка, тежина и / или целокупност. Други фактори кои влијаат на крајниот резултат се формата на иглата, дебелината и ковливоста, како и типот на влакното од конецот , составот и растегливоста.

Структура

[уреди | уреди извор]

Насоки и рабови

[уреди | уреди извор]

Плетењето како и ткаењето е техника за производство на дво димензионална ткаенина направена од едно димензионален конец или предиво. Во ткаењето, конците се секогаш во права линија , се работи паралелно или по нивната должина (конец по основа) или дијагонално односно вкрстено ( јаток конец) . Спротивно на тоа, конецот во плетените материјали следи кривулест пат ( шема) , формирајќи симетрични котелци ( исто така наречени клопчиња) симетрично над и под средната патека на предивото. Овие кривулести котелци можат да се оптегнат многу лесно во различни правци , поради што плетките се поеластични од ткаенините; во зависнот од предивото и шемата за плетење , плетената облека може да се истегне повеќе од 500 %. Заради оваа причина , плетењето првично беше развиена за облека што мора да биде еластична или растеглива како одговор на оној којшто ја носи, како што се чорапите и трикотажот. За разлика , ткаениот материјал се растегнува најчесто во една насока ( во дијагонала ) и не се многу еластични, освен ако не се проткаани со растеглив материјал како што е спандех. Плетените алишта повеќе се прилагодуваат на формата на телото отколку ткаените алишта, бидејќи нивната еластичност им овозможува да се прилагоди на искривувањето на телото многу лесно; спротивно на тоа , заобленост е воведена во повеќето ткаени алишта со зашиени фалти, звонарки, влошки на облеката и триаглести парчиња вметнати при ткаењето, рабови кои уште повеќе ја намалуваат еластичноста на ткаените материјали. Дополнителни заобликувања можат да се воведат во плетените алишта без рабови, како и во петицата на чорап; ефектот на фалти, раширувања, може да се постигне со кратки реда или со зголемување или намалување на бројот на шевовите. Конецот којшто се користи во ткаењето е обично поистенчен за разлика од конецот при плетење, што му дава на плетените алишта повеќе волумен и помалку декорација за разлика од ткаените алишта.

Ако не се зацврстени , котелците од плетечкиот тек ќе се вратат назад кога нивното предиво ќе се повлече; ова е познато како распарување , расплеткано плетење, или има хумористично значење се споредува со жаба , (затоа што звукот при изговарање на англиски распарување е исто кога жабата грака: 'rib-bit') . Да се обезбеди еден бод од игла , најмалку еден нов котелец поминува низ тоа. Иако новиот бод не е приврзан ( активен или жив), се приврзува за котелецот којшто виси од него. Низа на котелци во која секој котелецец се приврзува за следниот се нарекува раб. Да се обезбеди почетни котелци за плетката , се користи методот casting on; за да се обезбеди последниот котелец на работ , го користат методот преку спојување на краевите. За време на плетењето, активните котелци се обезбедуваат механички , или преку поединечни прикачувања ( во машините за плетење) или преку игли за плетење или шаблони за рачно плетење.

Конец по основата и јаток конец

[уреди | уреди извор]

Главно има два вида на плетење: паралелно и вкрстено. Во почестиот тип паралелно плетење, рабовите се во вертикала со движењето на конецот. Во вториот тип на плетење, рабовите и движењата се речиси потешко во паралелна насока. Во првиот тип плетењето , целата ткаенина може да се произведи од едно предиво , со додавање на котелци во секој ред редоследно , движејќи се по целата ткаенина како во растер скенирање. За разлика , во вторриот тип едно предиво е потребно за секој ред. Бидејќи типична плетка може да има стотици на рабови , вториот тип обично се реализира машински, додека првиот тип плетењето се остварува и рачно и машински. Вторите плетени материјали како трикотажа и миланец се отпорни на траки , и најчесто се користат водолната женсна облека.

Првите плетки може да се реализираат со повеќе предива , за да се добие ефект на колоритност. Двата најчести приоди се интарсија и страндед колорработа. Во интарсија , конците се користат во одвоени региони, пример црвено јаболко во зелено поле ; во тој случај конците се чуваат во посебни макари и само едно се плете во секое време. Во посложените приоди , две или повеќе предива наизменично се повторуваат во еден ред .Двојните плетки може да произведат две одделни плетени ткаенини истовремено , на пример два чорапа ; меѓутоа , двата материјали обично се обединати во едно , давајќи голема топлина и одлична ткаенина.

Право и наопаку сплетени котелци

[уреди | уреди извор]

Обезбедувајќи го претходниот котелец во работ, следниот котелец може да помине под или над низ претходниот котелец . Претходниот котелецот се именува како поврзувачки или едноставен ( потполен ) котелец  ; ако се зема вториот , се нарекува наопаку фатен котелец . Двата котелци се поврзани во тоа што поврзувачкиот котелец гледан од една страна на плетката се појавува како наопаку фатен котелец од другата страна.

Двата типа на котелци имаат различен визуелен ефект ; поврзувачкиот котелец изгледа како "V" наредени вертикално , додека наопаку фатениот котелец изгледа како брановидна хоризонтална линија низ плетката. Модели и слики може да се создадат во плетените материјали со употреба на еден котелец право , еден котелец наопаку како точки; меѓутоа , таквите точки се најчесто правоаголни, наместо квадратни , во зависнот од растојанието на плетење. Поединечни котелци , или редици од котелци , можат да се бидат повисоки со извлекување на повеќе предиво во ново врзување (издолжен котелец), што е суштинско за нерамномерно плетење: редица на високи котелци може да се менуваат наизменично со еден или повеќе реда од кратки котелци за да има зголемен визуелен ефект. Кратките и високите котелци може да се менуваат наизменично во редот , формирајќи модел на елипсовидна риба.

Во најпростите плетки, сите котелци се или право или наопаку сплетени; ова е е познато како жартер котелец. Шемата на наизменичните редици од прави и наопаку сплетени котелци е позната како жерсе. Вертикални шарки се можни со наизменично менување на рабовите од право сплетени котелци и наопаку; на пример , заеднички избор е 2x2 ребреста плетка , во која два раба од правите котелци се проследени со два раба на наопаку сплетени котелци , итн. Хоризонтални шарки (рецки) е исто така можно , со наизменично менување на редиците од право и наопаку сплетени котелци. Модели на табли се исто така можни , најмалиот познат како извор котелец : котелците се менуваат наизменично помеѓу право и наопаку сплетените во секој раб и помеѓу секој ред.

Материјалите во кои бројот на право и наопаку сплетените котелци не се исти , како во жерсето, имаат склоност да се свиткуваат ; за разлика , таму каде што се подредени и правите и наопаку сплетените котелци симетрично се стремат да лежат како што треба и да изгледаат убаво. Рабовите на наопаку сплетените котелци имаат тенденција да се оддалечуваат , додека кај право сплетените котелци се стремат да се приближуваат. Рабовите со наопаку сплтени котелци во ребрата се стремат да бидат невидливи , бидејќи соседните прави рабови се зближуваат . Спротивно , редиците на нопачки сплeтените котелци се стремат да формираат втиснати линии во споредба на редицата од право сплетените котелци. Ова ја претставува базата на привидно плетење , при кое надворешниот изглед на сплетениот материјал се менува кога се гледа од различни правци.

Обично , нов котелец поминува низ еден единствен незатворен (активен) циклус , со издолжување преку еден котелец.. Меѓутоа , ова не мора да биде така; нов циклус може да помине низ веќе сврзани котелци спуштени на материјалот, или дури помеѓу сврзани котелци(вдлабнат котелец). Во зависност од растојанието помеѓу циклусот што е провлечен низ материјалот и каде е сплетен , вдлабнатите котелци може да произведат тенок цртеж од точки или долги линии низ површината на материјалот , пример , подолните листови на цвеќе. Нов циклус може да се провне помеѓу два котелци во сегашен ред ,групирајќи се со изминатите котелци ; овој метод често се користи за да се произведе труднички ефект на материјалот.Новиот циклус исто може да помине низ два или повеќе претходни котелци, произведувајќи рабови кои се смалуваат и се губат заедно. Споените котелци треба да бидат од ист ред ; на пример ,набор може да се формира со право сплетени котелци заедно од два различни реда , создавајќи зголемена хоризонтална рецка на материјалот.

Не секој котелец во редот треба да биде сплетен ; некои може да се остават како што се и да се сплетат на подоцнежните реда . Ова е познато како плетење со порабување од внатрешната страна. Овие порабувања се прилично подолги од сплетените. На пример, порабувањата од внатрешната страна за еден ред пред плетењето би требало да бидат отприлика дупло подолги одошто се нивните сплетени дупликати. Ова создава интересни визуелни ефекти , иако крајниот резултат е покрут, затоа што порабувањата од внатрешната страна ги повлекува своите соседи и е помалку се преобразува односно менува. Плетењето со порабување од внатрешната страна игра важна улога во мозаичното плетење, важна техника во моделите на рачно плетење ; мозаично сплетените материјали се стремат да бидат покрути од материјалите произведени со традиционалните техники на плетење.

Во некои случаи, котелец може намерно да биде оставен несврзан од нов котелец и неговиот раб да може да се отпара. Ова е познато како плетење со испуштен котелец, создавајќи вертикални испуштени котелци со мрежести дупли во плетката, совпаѓајќи се со рабовите.

Десно и лево вплетени котелци

[уреди | уреди извор]

И обата право и наопаку сплетени котелци можат да бидат извртени : обично еднаш ако воопшто постои , понекогаш двапати и многу ретко трипати. Ако го гледаш одозгора, извиткувањето може да биде во насока на часовникот (десно предиво над лево) или спротивно од насоката на часовникот (лево предиво над десно); овие се именуваат како десни и леви вплетени котелци, соодветно. Рачно сплетените обично создаваат десно вплеткани котелци со плетење право и наопаку низ задните врзувања, т.е со положување на иглата низ првичниот котелец не необичен начин , но со замотување на предивото како и обично. Спротивно, лево вплтеканите котелци се обично создадени со рачно плетење преку замотување на предивото во обратен правец, наместо со каква било промена на иглата. Иако во формата има некои разлики , десните и левите вплеткани котелци се функционално еквивалентни . И обата типа на котелци даваат нежен и интересен визуелен изглед , и се стремат за изцртување на материјалот од внатрешната страна , правејќи го поцврст. Вплетканите котелци се чест метод за везење на накит од добра метална жица.

Рабови и спојки меѓу материјалите

[уреди | уреди извор]

Првичните и крајните рабови на сплетениот материјал се познати како поврзувачки или врзувачки рабови. Страничните рабови се познати како опшиен раб ; зборот доаѓа од само –рабен , што значи дека котелците не треба да се сврзат за ништо друго. Многу вида на опшиени рабови се изработени, со различни еластични и украсни својства.

Вертикални и хоризонтални рабови можат да се вметнат во плетката , на пример, за дупките на копчињата, со повторно поврзување и re-casting on (хоризонтално)или со плетење на материјалот на обете страни на вертикалниот раб одделно.

Две плетки можат да се здружат со методи на калемење засновани на везови, најчест е Китченер котелецот. Нови рабови можат да се отпочнат од било кој раб на плетката; ова е познато како продолжување на котелци и претставува основа за ентрелач, при кое рабовите се испреплетуваат еден по друг во паралелна шема.

Јажиња, израстоци и заврзувања

[уреди | уреди извор]

Обично, котелците се плетат во истиот редослед во секој ред, и рабовите на материјалот е паралелен и вертикален долж ткаенината. Сепак , ова не треба да биде така. Редоследот по кој котелците се плетат може да варира така што рабовите се вкрстуваат еден со друг , формирајќи шеми од врзани јажиња. Овие шеми се стремат да го сврзат материјалот заедно, правејќи го поцврст и помалку еластичен , Типичен пример се Аран џемперите. Произволните шеми на сложено поврзани плетенки можат д а се остварат со плетење во вид на врзување на јаже , под услов рабовите да мораат да се поместат во погорна линија.Плетачите имаат развиено методи за создавање на илузија од кружни рабови, што е случај со келтскиот јазол, но ова се неточни приближни вредности. Сепак , кружни рабови се можни со употреба на швајцарски крпење, форма на украсување, или со плетење на одделен пат и спојувајќи го со сплетениот материјал.

Раб може да се раздели на два или повеќерабови со употреба на додатоци , најобично вклучувајќи повеќе предиво. Во зависност од тоа како зголемувањето е направено , има дупка во материјалот на местото на зголемување. Ова се користи за да се зголеми ефектот во плетењето со врзување , кој се состои од шеми и слики употребувајќи дупки, наместо котелци. Големите и многуте дупки во плетењето со врзување го прават еластично; на пример , некои шетлански шалови кои можат да се повлечат низ венчален прстен.

Со комбинирањето на повишување и снижување , можно да се создаде насока на работ далеку од вертикалата. Ова е основата на дијагоналното плетење и може да се искористи како визуелен ефект , сличен на насоката на четкицата во сликарството.

Декорација и додатоци

[уреди | уреди извор]

Различни декорации можат да се додадат при плетењето за нивниот изглед и за подобрување на плетката. Примерите вклучуваат различни вида на монистри. Долги циклуси исто можат да се провлечат и да се обезбедат давајќи му бушав изглед на материјалот; ова е познато како плетење со врзување. Дополнитени дизајни можат да се направат на самата плетка употребувајќи везови; ако везот наликува на плетење се нарекува швајцарско крпење. Одделни шеми можат да се додадат на алиштата , како жаби и копчиња; обично отворите за петлици се зашиваат на облеката , наместо да се монтираат. Декоративни парчиња исто така можат да се вплетат одделно и да се прикачат со употреба на апликација. На пример, различно обоени листа и листа од цвет можат да се плетат одделно и да се прикачат за да ја формираат крајната слика. Одделни патчиња од плетка можат да се прикачат за плетениот материјал за да формираат сложените келтски клопчиња и други мустри кои би биле тешки да се плетат.

Несплетените предива можат да се преминат во плетени материјали за топлина , како што се китките и плетките ( исто познато како везење)

Рамни плетења наспроти кружни

[уреди | уреди извор]

Кружните плетки ( исто наречени плетење во круг) е форма на плетење која може да се користи за да се создаде непорабено цевче. Се остварува плетка во круг ( еквивалент на редиците во рамното плетење) во спирала. Обично , кружното плетење се создавало со користење на сет од четири до пет двојно зашилени игли за плетење.Подоцна, кружни игли биле измислени. Кружната игла личи на две кратки игли за плетење поврзани со сајла меѓу нив. Од друга страна, рамното плетење , се користи за потребите на рамни, правоаголни форми на облека. Се остварува со две прави игли за плетење и се работи во редици, хоризонтални линии од котелци. Игла за кружно плетење може да се искористи за добивање на рамно сплетени парчиња кои се преголеми за обичните прави игли за плетење, како шалови од волна и ќебиња.

Кружното плетење се користи за да се создадат парчиња кои се кружни или цевчесто формирани, како капи , чорапи , ракавици без прсти и цилиндрични навлак. Рамното плетење обично се користи за плетка на парчиња какомарами , ќебиња, волнени шалови и предните и задните делови од џемпери.

Исто така има и плетење со прсти . Наместо игли , прстите се користат за да се создаде цевчеста плетка.

Заплеткување

[уреди | уреди извор]

Испреплетување или заплекување е термин на рачно плетачите , техника на поврзување на плетени или ткаени волнени влакна (само влакната од животинско предиво можат да се заплеткуваат . Акрилни или други влакна кои можат машински да се перат не го можат тоа). Крајниот производ е ставен во топла вода да се испери и влакната на предивото стануваат раздразнети сè додека не почне да се намалува.Додека плетениот дизајн е во машината за перење , важно е да се проверува дали продира напред.Во зависност од големината на дизајнот , некои можат да го постигнат побрзо од другите. Крајниот резултат обично има намалени димензии. Ташните , ракавиците без прсти , чорапите и капите се само некои предложени идеи кои можат да се земат како пример за оваа постапка.

Испреплетување со игла

[уреди | уреди извор]

Ова процедура со игла е техника која се користи за да се додаде декорација до плетено или смалено парче , каде суровините се нанесени со употреба на многу остра бодликава игла со постојано прободување на истите и позадината заедно. Еднаш помината низ топла вода , прикачената декорација се спојува за позадината. Плетката може да се скрати со ножици без грижа дека ќе се намали.Исто ова е добар метод да се користи кога се има за цел да се даде форма на слабо сплетен материјал.

Историја и култура

[уреди | уреди извор]

Зборот доаѓа од клопче и најпосле од стариот англиски cnyttan, се заплетува, се заврзува.

Еден од најстарите примери познати за плетење беа памучните чорапи со тесни шеми од плетки во боја , кои се најдени во Египет од крајот на првиот милениум. Првично е само машка преокупација, првиот плетачки трговски занает започнал во Париз во 1527 година. Со пронајдокот на машината за плетење, како и да е, плетењето на рака станало корисна но не и суштински занает. Слично на ватирање, предење, и тапирање , плетењето станало слободна активност.

Рачното плетење влегло и излегло од мода повеќепати во последните две децении, и во преминот на 21 век доживува повторно оживување.Според инустриската група Американскиот Совет на занает со предиво, бројот на жени плетачки во САД на возраст 25-35 пораснал на 150 % во две години помеѓу 2002 и 2004 година. Најновата инкарнација е помалку за ставот на импровизација и поправање од 1940 тите и раните 50ети и повеќе за поединечни појавувања како и развивање на вродено чувство на заедницата.

За време на 1940-тите, Англиското плетење достигна слава додекаКонтиненталното опадна . Ова е поради фактот дека континенталното плетење е со потекло во Германија и беше проширено од имигранти. За време на Втората светска војна, континенталното плетење излезе од мода поради тесната врска со Германија. Повторно беше популарно околу 1980 година кога Елизабет Зимерман јавно го претставуваше континенталното плетење.

Дополнително, многу современи плетачи покажуваат интерес во сферата на прикачување на интернет на нивните плетки, шеми, и техники, или за придружување на виртуелна заедница која има за цел плетење, како што е значително популарнатаРавелру. Исти така има голем број на популарни дигитални медиуми и многу други мрежни места за плетење. Современите групи за плетење може да се однесуваат во САД како Stitch 'N Bitch, група на плетачи се здружуваат за да работат на проекти, да дискутирата за шеми, , да ги решаваат проблемите во врска со нивната работа или само да се дружат. Во Велика Британија , називот бил плетачки округ уште од раниот 20 век.

Својства на ткаенините

[уреди | уреди извор]

Топологијата на плетениот материјал е релативно сложена. За разлика од ткаените материјали, каде конците се во права хоризонтална и вертикална линија, предивото кое се плети се движи во линија на котелецот долж својот ред, како што е црвената линија во дијаграмото лево, каде котелците од еден ред се повлекуваат низ котелците од редот под него.

Бидејќи нема никаква права линија од предивото во дизајнот , плетката може да се шири во сите насоки.Оваа еластичност е невозможна во ткаените материјали, кои единствено се шират во дијагонала. Повеќето модерени растегливи алишта , иако се врз основа на еластични синтетички материјали за растегнување, истото го постигнуваат преку растегливоста на плетените материјали .

Основните плетки (како што е прикажано на сликата, и обично се нарекува stocking или жерсе модел ) има одредена вистинска ( предна) и погрешна страна (задна). На предната страна , видливите делови на котелците се вертикали кои ги поврзуваат двата реда, распоредени во мрежа од V форма. На задната страна, краевите на котелците се видливи, и обата краеви, создавајќи многу нерамна површина понекогаш истата се нарекува превртено жерсе.( и покрај тоа што е задна страна , превртеното жерсе често се употребува како модел за неговата предна страна). Затоа што предивото ги држи редовите заедно напред, и предивото ги држи заедно сите странични котелци кои се позади,материјалот-жерсе има тенденција да се витка на обата краеви, и од левата и десна задна страна.

Котелците можат да се зашијат од секоја страна , и различни модели се создаваат со мешање на стандарно сплетени котелци со котелци на задната страна, познати како наопаку фатени котелци, или во колони , редици , или посложени модели. Секој материјал има различни одлики: котелец во вид на стегач има повеќе вертикална растегливост, додека котелци со ребреста плетка имаат повеќе хоризонтална. Поради нивната предна и задна симетрија, овие два материјали имаат мало обвиткување, правејќи ги популарни како порабените, иако нивните растегливи способности не толку се издвојуваат.

Различните комбинации од право и наопаку сплетени котелци , заедно со многуте унапредени техники, создаваат материјали од значително различен состав, од тенок до многу густ, од многу растегливи до релативно крути, од многу рамни до доста извиткани и така натака.

Најчеста плетка за плетени алишта се произведува со котелец од рамен жерсет – како што се гледа, иако многу мали, машинско изработени чорапи и маички- на кои е работено кружно со прави котелци , и рамна плетка со наизменични реда од прави и наопаку сплетени котелци. Други едноставни композиции можат да се направат со прави и наопаку сплетени котелци , вклучувајќи ги поврзаните котелци, рибини плетки и мовести и семенски котелци. Додавањето на a "slip stitch" ( каде конецот е провнат од една игла во друга) овозможува широка палета на плетки, вклучувајќи и котелци што висат и ленени, и бројни сложени модели.

Некои понапредни техники за плетење создаваат изненадувачко мноштво од сложени плетки. Компбинирајќи одредени нараснувања , кои даваат изглед на дупки во вид на окце во крајниот изглед, со разновидни снижувања е клучно за создавање на плетени врзувања , кој личи на врвца . Со промена на редоследот на котелци од еден ред во следен , со помош на иглата што е клучно за плетењето во вид на врзување на јаже создавајќи бескрајни варијанти на јажиња, плетки полни со дупки, врзувања и моделите на Аран џемперите. Ентрелак формира богат модел на табла со плетење на мали квадрати, извлекувајќи ги нивните странични рабови, и плетејќи повеќе квадрати за да се состави плетката.

Изгледот на облеката е исто под влијание на големината на предивото , што ја дава дебелината на влакното на ткаенината.Колку е погусто предивото , толку повидливи и позабележливи ќе бидат котелците; колку е послабо предивото, толку е потенка плетката.

Повеќето плетки се во една боја, но има многу начини да се изработат во повеќе бои. Некои предива се бојадисуваат за да бидат разнобојни ( бојата се менува на неколку котелци) или шарени ленти ( бојата се менува на неколку реда). Посложените техники овозможуваат поголеми полиња на бои (на пример (intarsia),густи мали колоритни дизани , или обата (дупло плетење и ленти од колоритни котелци).

Предивото со повеќе нијанси од истата боја се нарекува омбре, додека предивото со повеќе бои може да биде познато како многубојно - зелено, црвено и жолто предиво може да биде нарече Папагалска колоритност , на пример. Heathered предивата содржат мали количини од влакна во разлини бои, додека tweed( меко волнена ткаенина) предивата можат да имаат поголема количина на влакна во различни бои.

Има стотоци различни конци за плетење употребени од плетачите. Плетката почнува со процесот на бодење или уште познат како поврзување на еден котелец со друг со правење на раб на плетката, што вклучува првично создавање на котелци на иглата. Различни методи на бодење и со различни ефекти: еден е за растегливост доволен за врзување, друг обезбедува декоративно порабување – Привремени бодежи на иглата се користат кога плетењето ќе продолжи во обете насоки.. Има повеќе методи кои се користат за "cast on" како на пример метод со палецот( исто познат како чатал или долга опашка " cast-ons), каде котелците се создаваат со серии од циклуси кои зашиени создават лабав раб идеален за присоединување на котелците и плетење на раб ; методот на дупла игла или уште позната како плетење со меѓусебно поврзување ), каде секој циклус поставен на иглата е потоа меѓусебно сплетено поврзан, што создава поцврст раб идеален за завршеток . Бројот на активни котелци остануваат исти кога се додаваат или одземаат котелци.

Повеќето западноевропски плетачи го следат или англискиот начин на плетење( каде предивото се држи во десната рака) или континенталното ( каде предивото се држи во левата рака).

Исто има повеќе начини на вметнување на иглата во бод. Плетењето преку предниот дел на плетката се нарекува западноевропско плетење. Прободувањето од задниот дел на котелецот се нарекува источноевропско плетење. И третиот метод , наречен комбинирано плетење, оди низ предната страна на право сплтенеиот котелец и низ задната страна на наопаку сплетениот.

Откако плетката е завршена , останатите котелции се отфрлени. Со отфрлањето на циклусите на котелци едни преку други , тие ќе се отстранат од иглата без расплеткување на артикалот.

Во плетењето одредени парчиња облека , особено големите како џемпери , крајниот производ е направен од повеќе сплетени парчиња , со одделни делови од облеката сплетени оделно и потоа зашиени заедно. Плетка без раб е можна каде целиот материјал е сплетен како едно единствено парче. Елизабет Зимерман е најпознатиот застапник на вакви плетки и на плетење со кружни техники. Помалите артикли , како чорапи и капи, обично се плетат како едно парче на двојно зашилени игли или кружни игли.

Огромни плетки

[уреди | уреди извор]

Огромни плетки е термин кој е од поново време е формиран и е поврзан со употребата на игли за плетење поголеми или еднакви на половина инч на пречник.Огромните плетки користат исти конци и техники како и обичното плетење , освен што чингелаке е втиснато на краевите на иглите. Свитканите игли ја подобруваат контролата при работа , зафајќај ги конците и спречувајќи ги од лизгање. Со конструирањето на машината за плетење која воведе свиткани игли и овозможи автоматско плетење без грешки.Повеќето плетачи не се ни свесни за многуте процеси што нивните прсти ги изведуваат во остварувањето на еден бод со игла. Сепак, големите дебели игли ги потенцираат тие активности и плетењето постанува значително комплицирано кога пречникот на иглата е поголем од пречникот на прстите на плетачот. На еден инч пречник (големина 50) игла на пример, оската почнува да се заострува една и три четвртини инчи од врвот. Ова значи дека конците се раширени подалеку на огромните игли за плетење, правејќи ги потешки за управување. Чингелакето го фаќа циклусот на предиво само што секој котелец е сплетен , тоа значи дека зглобовите и прстите не треба да притискаат силно и има помалку шанси конците да се лизнат од иглата. Исто важна е позицијатана чингелакето. Огромните плетки создаваат огромни и гломазни материјали или рамна плетка во зависност од големинаата и типот на предивото кое се користи.

Материјали

[уреди | уреди извор]

Предивото за рачно плетење обично се продава во топчиња или клопчиња, иако тоа може да биде и макара или навој или конус. Клопчињата и топчињата воглавно се продаваат обвиткани со лента, етикета на која е опишано за големината на предивото, должината, бојата, составот на влакното, упатства за перење, предложени големи на игла, како и шаблони, итн.

Вообичаено е да се зачува етикетата од предивото за понатамошно консултирање, особено ако дополнителни клопчиња мора да се купат. Воглавно плетачите се осигуруваат дали предивото за еден проект е од иста боја. Бојата ја утврдува групата на клопчиња кои биле обоени заедно и ја имаат истата боја; клопчињата со различна боја , дури и слична , се обично за нијанса различни и може да дојде до видлива шарка кога се плетат заедно. Ако плетачот купи недоволно предиво од една боја за да го доврши проектот, дополнителни клопчиња од истата боја можат понекогаш да се добијат од друга продавница или на интернет. Инаку, плетачите можат наизменично да ги менуваат клопчињата на неколку реда за полесно да се вклопат големиот број на бои.

Дебелината и големината на предивото е значаен фактор во составувањњето на шаблонот, односно, колку котелци и реда се потребни за да покријат одредена површина за даден модел. Погустите предива обично бараат подебели игли за плетење, додека поретките предива можат да бидат сплетени со дебели и слаби игли. Од тука , погустите предива бараат помал број на бодежи , и од тука помалце потрошено време , за да се сплети даден модел. Шемите и мотивите се поголеми кај поретките предива; погустите предива создаваат задебелени визуени ефекти, додека поретките предива се најдобри за софистицирани модели. Предивото се групира во 6 категории според дебелината: тенки , екстра тенки, умерени, средни, густи и екстра густи; квантитативно , дебелината се мери преку бројот на замотувања на инч. Поврзаната тежина на единица должина обично се мери на масовни производства.

Пред да започне со плетењето, по правило плетачот на клопчето му дава лик на топче каде предивото се појавува од центарот на топчето; ова го олеснува плетењето со тоа што го спречува предивото да се заплетка . Ова претворба се прави рачно, но исто така и со уред наречен тркалце . При плетењето , некои плетачи ги вметнуваат нивните топчиња во тегли за да ги заштитат , да се чисти и да не се заплеткуваат со другите предива; отпуштеното предиво е сместено во малата дупка во тегла со капак.

Употребливоста на предивото за плетката е оценета според седумте фактори како што се неговиот удар во воздух, неговата еластичност( еластичност при затегање) , неговата способност да бидеисперено и обои без да обледи, неговата мекост и способност на чешање, неговата трајност наспроти нагризување, неговата отпорност на пилинг, неговата влакнестост, неговата склоност да се заврзува и расплетува или не , неговата целокупна тежина и набирање, неговите одлики на собирање и раширување, неговата удобност( спосоност за аспирација, впивање на влага )и секако неговиот изглед, што вклучува боја, сјај, пријатност и украсните одлики. Други фактори вклучуваат дали предизвикуваат алергии; брзината на сушење; отпорност на хемикали; молци и мувла; точка на топлење и запаливост; чување од статички електрицитет; и склоноста да се исфлека и да може да се обојува. Различни фактори влијаат на различни вида на предива така да можеме да заклучиме дека не постои ″најдобро″ предиво. Еластичноста и склоноста на завртување и свиткување се главните својства кои влијаат на леснотијата за рачно плетење.Кај поеластичните предива се занемарува фактот на грешки при затегнувањето, со премногу извитканите предива е тешко да се плети, каде неизвртените предива можат да доведат до разделување на конците , каде не цело предиво е сплетено на котелци. Клучен елемент во плетењето е дефиницијата за котелецот, што одговара на тоа колку добро заплетканите кроеви од котелци ќе бидат видливи кога се направени од дадено предиво. Рамномерни, мошне добро истаени предива се најдобри за покажување на сплетените шаблони; од друга страна, премногу кадравите и бушавите предива имаат дефиниција за лоша плетка, и било кој заплтекан котелец тука ќе биде невидлив.

Иако плетењето може да се реализира со врвци, метална жица или понесекојдневни нишки, повеќето предива се изработени од вртливи влакна. Во предењето , влакната се извртени , така да предивото е отпорно на раскинување поради затегнатост; впредувањето може да се реализира во било која насока, што резултира со Z – извиткивање или S- извиткување на предивото. Ако влакната се израмнети со нивно расчешлување, предивото е помазно и се нарекува кангар; спротивно на тоа , ако влакната се отплеткани но не се исчешлани , предивото е бушаво и се нарекува извртена волна. Влакната кои го сочинуваат предивото може да бидат континуирани филамент влакна како што се свилата и многу други синтетички материјали, или тие можат да бидат влакна со просечна должина , обично неколку инчи; по правило филамент влакната се поделени на горенаведените влакна пред да се свртат во топче. Цврстината на свртеното предиво во топче против раскинување е одредена со бројот на свртувања , должината на влакната и дебелината на предивото. Генерално гледано , предивото стануво поцврсто со повеќе завртувања, подолги влакна и погусти и понабиени предива (повеќе влакна); на пример, помалите во обем или послабите предива бараат повеќе свртувања отколку погустите предива за да се отпорни од раскинување или распукување под затегнување. Дебелината на предивото може да варира со својата должина ; грутката е погуста целина каде масата на влакна е вклучено во предивото.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy