Прејди на содржината

Пријам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Неоптелем го убива Пријам, детал од античко грне, 520–510 година п.н.е.

Пријам (грчки: Πρίαμος = „откупеник“) бил крал на Троја, син на Лаомедонт. Пријам бил крал за време на Тројанската војна. Бил оженет со Хекуба, ќерката на Кисеј. Пријам имал многу деца — 50 синови (од кои 19 законски) и 12 ќерки,[1] меѓу кои најпознати се: Есак (од неговиот прв брак со Аризба), Хектор (првиот син од бракот со Хекаба), Парис, Деифоб, Троил, Касандра, Поликсена, Ликаон, Хелен, и други.[2] [3]

Тројанска војна

[уреди | уреди извор]

Тројанската војна започнала поради грабнувањето на спартанската кралица Елена од Парис. Меѓутоа, Спарта не ја нападнала Троја поради Елена, туку поради богатството (златото). Во Хомеровата Илијада тој е претставен како многу мудар (паметен) крал. Меѓутоа, кога почнала војната, Пријам веќе бил стар, па затоа не учествувал во борбите. Кога грчката војска ја освоила Троја, Пријам бил убиен од Неоптолем (синот на Ахил).[4]

  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 169.
  2. Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 68.
  3. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 163-170.
  4. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 169.
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy