Сајмон Јејтс (велосипедист)
Јејтс во маичката за планинскиот пласман на Трката околу Алберта 2014 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Сајмон Филип Јејтс | ||||||||||||||
Прекар | Летечкиот црн пудинг | ||||||||||||||
Роден | 7 август 1992[1] Бери, Англија, Обединето Кралство | ||||||||||||||
Висина | 1,72 м[1] | ||||||||||||||
Маса | 59 кг[1] | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Тим Џејко-АИУла | ||||||||||||||
Дисциплина | Велодромски и друмски велосипедист | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | специјалист за искачување универзален возач (друмски)[2] Endurance (track) | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
2013 | 100% Me | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2014– | Орика-ГринЕЏ | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 14 декември 2022 |
Сајмон Филип Јејтс (англиски: Simon Philip Yates; р. 7 август 1992) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[3] Има брат-близнак Адам Јејтс, кој исто така е професионален велосипедист.
Го освоил златниот медал во бодовната трка на Светското велодромско првенство 2013. По забраната поради допинг во 2016 година го освоил пласманот за млад возач на Тур де Франс 2017 и генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2018. Јејтс има освоено повеќе етапи на секоја од трите големи трки во велосипедизмот.
Кариера
[уреди | уреди извор]Рана кариера
[уреди | уреди извор]Сајмон и Адам започнале со велосипедизам откако нивниот татко Џон бил повреден при судир со автомобил додека возел — во текот на неговото опоравување ги носел близнаците до Манчестерскиот велодром да следат трки возени од неговиот велосипедски клуб, Бери Кларион, за да одржува контакт со другите членови. И обајцата наскоро започнале да возат за Бери Кларион (друмски) и за Истлендс Вело (велодромски). На 18 години, Сајмон бил избран од Британската федерација за нивната програма „Олимписка академија“. Бил исто така избран за англиската репрезентација за Игрите на Комонвелтот 2010 во Делхи, каде негов цимер бил Крис Фрум.[4]
Го освоил златниот медал на бодовната трка на Светското велодромско првенство 2013.[5]
Сајмон го направил својот пробив во 2013 година, додека возел за британската репрезентација. Заедно со неговиот брат, Адам, настапил на Тур де л’Авенир 2013 за британската екипа, каде Сајмон ја освоил петтата етапа во трката, пред Адам.[6] Сајмон додал уште една етапна победа следниот ден,[7] и завршил десетти на трката.
Потоа бил избран како дел од британската екипа на Трката околу Британија. Настапил добро на трката и на шестата етапа ја остварил својата најголема победа дотогаш, спринтајќи и одвојувајќи се од групата на девет возачи до целта, во која биле Бредли Вигинс и Наиро Кинтана.[8][9] Јејтс завршил трет во генералниот пласман на Трката околу Британија и го освоил пласманот за млад возач.[10]
Орика ГринЕЏ (2014-)
[уреди | уреди извор]2014
[уреди | уреди извор]Јејтс заедно со неговиот брат се приклучиле на австралиската екипа Орика-ГринЕЏ во 2014 година.[11] Завршил на 12. место на една од првите негови трки во Светската турнеја, Трката околу Баскија. Јејтс ја скршил клучната коска на третата етапа на Трката околу Турција.[12] Се вратил и го освоил седмото место и пласманот за млад возач на Трката околу Словенија во јуни. Бил изненадувачки избор на екипата за дел од составот на екипата за Тур де Франс 2014, на само пет дена пред почетокот и бил еден од единствените четворица британски возачи кои започнале од Лидс.[13] Јејтс имал две бегства во текот на неговиот прв настап на некоја голема трка, пред да биде повлечен од екипата на вториот ден за одмор.[14]
2015
[уреди | уреди извор]Во април 2015 година, Јејтс го остварил својот најимпресивен резултат дотогаш со освоеното петто место на Трката околу Баскија.[15] Подоцна истиот месец возел на Тур де Романди и завршил на шестото место во генералниот пласман. Во јуни 2015 година, Јејтс завршил петти во генералниот пласман на Критериум ди Дофине откако завршил втор зад Крис Фрум на последната етапа. Со тоа, Јејтс ја освоил и белата маичка за најдобар млад возач.[16]
Повторно бил избран за Тур де Франс 2015, овој пат заедно со неговиот брат Адам.[17] Сајмон завршил осми на третата етапа и единаесетти на дваесеттата етапа, кралската етапа.[18]
2016
[уреди | уреди извор]Во март, Јејтс завршил седми во генералниот пласман на Париз-Ница, меѓутоа, во април се покажало дека Јејтс имал позитивен тест за забранетата супстанца тербуталин при тестирање за време на трката.[19] Јејтс бил дисквалификуван од трката и добил четиримесечна забрана во текот на 2016 година; неговата екипа презела целосна одговорност за ова, посочувајќи дека се работи за „административна грешка“. Забраната значела дека Јејтс ќе го пропушти Тур де Франс, каде неговиот брат Адам завршил четврти во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач.
По истекувањето на неговата суспензијата поради допинг, бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[20] На шестата етапа, гледајќи можност, избегал од групата за соло победа - прв од браќата Јејтс кој освоил етапа на некоја голема трка.
2017
[уреди | уреди извор]Во 2017 година Јејтс освоил етапни победи на две престижни етапни трки, Париз-Ница и Тур де Романди. Завршил втор на втората трка, негов најдобар пласман дотогаш на некоја етапна трка во Светската турнеја.[21] Завршил седми во генералниот пласман на Тур де Франс и го освоил пласманот за млад возач, изедначувајќи го подвигот на неговиот брат-близнак претходната година.
2018
[уреди | уреди извор]Сајмон Јејтс ги потврдил неговите и плановите на екипата за учество на Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[22]
Јејтс ја освоил седмата етапа на Париз-Ница, планинска завршница, на која го преземал водството на трката за завршната етапа. Меѓутоа, на осмата етапа Марк Солер од Мовистар Тим, кој ја започнал етапата со 37 секунди зад Јејтс на шестото место, нападнал на половина од етапата заедно со сонародникот Давид де ла Круз (Тим Скај); на двоецот им се приклучил Омар Фраиле (Астана) на чело на трката и тројката успеала да остане пред главната група до Ница. Бидејќи Де ла Круз и Фраиле се натпреварувале за етапата, Солер завршил трет - добивајќи уште четири бонус секунди на целта како и трите секунди претходно добиени на средниот спринт - и со 35 секунди пред Јејтс и другите фаворити, било доволно да ја прослави победата пред Јејтс за четири секунди.[23]
Подоцна во месецот, Јејтс ја освоил седмата етапа на Волта а Каталуња откако нападнал неколкупати кога се возеле круговите од 6,6 километри на ридот Монжуик. Со тоа завршил на четвртото место на крајот на трката.[24]
Јејтс настапил на Џиро д’Италија како заеднички предводник на екипата со Естебан Чавес, поддржани од специјалистите за искачување како Роман Кројцигер, Микел Ниеве и Џек Хејг.[25] Јејтс завршил седми на воведниот поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, 20 секунди зад бранителот на титулата и светскиот хронометарски првак Том Димулен (Тим Санвеб).[26] На шестата етапа до Етна, Јејтс го презел водството на трката откако завршил втор зад колегата Чавес. Јејтс нападнал од групата на фаворити на 1,5 километри од врвот и го достигнал Чавес, кој бил дел од бегството на денот, пред самата цел, но му покажал на Чавес да оди напред за да ја освои етапата.[27] Резултатот значел дека Јејтс ја презел розовата маичка пред Димулен за една секунда и пред Чавес на третото место. Јејтс ја освоил деветтата етапа откако забрзал во последните сто метри, зголемувајќи го своето водство пред Чавес и Димулен.[28] Јејтс го зголемил своето водство повторно на десеттата етапа, но колегата Чавес излегол од конкуренција откако завршил 25 минути зад сите.[29] Јејтс ја освоил втората етапа на трката на етапата 11, напаѓајќи на 1,5 километри до целта и одржувајќи се пред Димулен за победа. Јејтс го зголемил водството пред Димулен.[30]
На етапата 14, Јејтс завршил втор зад Крис Фрум на Монте Ѕонколан. Со шест бонус секунди што завршил втор, Јејтс ја зголемил својата предност пред Димулен, додека разликата со Фрум била 3 минути и 10 секунди.[31] Јејтс ја освоил етапата 15, напаѓајќи на 18 километри до целта. Оваа победа донела зголемување на неговото водство пред Димулен.[32] На етапата 17, поединечен хронометар во должина од 34,2 километри, Јејтс ја одржал својата предност пред Димулен.[33] На осумнаесеттата етапа, Јејтс покажал првични знаци на слабост, особено на последните метри на врвот и изгубил 28 секунди во однос на останатите фаворити.[34] Етапата 19 на трката била означена како кралска етапа со три искачување во втората половина на етапата. Меѓу нив било и полуасфалтираното искачување на Коле деле Финестре, по што следело искачување до Сестриере и завршницата на Бардонекија. Јејтс изостанал на почетокот на Финестре, пред Фрум да го започне својот соло напад на 80 километри до целта. Предноста на Фрум растела во текот на втората половина на етапата и на крајот ја освоил етапата со повеќе од три минути и со тоа го презел водството на трката, 40 секунди пред Том Димулен.[35] Јејтс изгубил 38 минути во однос на Фрум и завршил на 17. место на крајот.[36] На крајот, трката ја завршил како 21. со 1 час и 15 минути зад победникот Фрум.[37]
По Џиро, Јејтс се вратил на трките на Пруеба Вилјафранка де Ордисија, каде завршил втор зад колегата Роберт Пауер. Подоцна се вратил на трките од Светската турнеја на Трката околу Полска во август, каде ја освоил завршната етапа на трката со соло-напад и завршил втор зад победникот Михал Квјатковски.[38]
Јејтс бил предводник на екипата за Вуелта а Еспања, со поддршка од неговиот брат.[38] Јејтс се поместил на третото место во генералниот пласман по четвртата етапа, првата планинска етапа, десет секунди зад предводникот Квјатковски. На деветтата етапа, Јејтс ја преземал водечката црвена маичка од Руди Молар.[39] Меѓутоа го загубил водството на етапата 12, кога неговата екипа одбрала да не го следи големото бегство, поради што црвената маичка била преземена од Хесус Ерада, а Јејтс се нашол втор зад него и Валверде како трет.[40] Меѓутоа, следниот ден, Јејтс скратил скоро две минути од водството на Ерада,[41] и со победата на четиринаесеттата етапа, повторно го презел водството на трката. Го зголемил своето водство при етапата 16 (поединечен хронометар) и на етапата 19.[39] На последната планинска етапа следниот ден, Јејтс ги нападнал другите на претпоследното искачување, приклучувајќи им се на Мигел Анхел Лопес и Наиро Кинтана заедно со Енрик Мас на чело на етапата и на крајот завршил трет на етапата зад Мас и Лопес, кои се нашле на второто и третото место во генералниот пласман откако Валверде и Стевен Краусвајк изгубиле значително време.[42] Безбедно ја поминал целта на последната етапа во Мадрид, обезбедувајќи си ја победата на трката.[43]
2019
[уреди | уреди извор]Сајмон претходно ги сметал хронометрите за своја слабост,[44] но постепено се подобрувал од неговите јуниорски денови.[45] Продолжил да се подобрува во 2019 година, кога стигнал до својата прва победа во оваа дисциплина, на ридест терен на Париз-Ница.[46] Оваа патека можеби повеќе била подобна за искачувачите, отколку за хронометрашите, поради својот ридест терен.[47]
Јејтс се вратил на Џиро д’Италија каде целел на генералниот пласман. Настапил на трката, јавно изјавувајќи дека се смета за „број еден фаворит“ за генералниот пласман.[48] Започнал со одлична форма на воведната етапа, поединечен хронометар во Болоња, каде завршил зад победникот Примож Роглич.[49] Надежите на Јејтс за победа завршиле по катастрофалниот резултат на хронометар на деветтата етапа, кога загубил повеќе од 3 минути, паѓајќи на 24. место во генералниот пласман. Загубил уште време на етапата 13. И покрај второто место на етапата 19, завршил осми во генералниот пласман, опишувајќи го како срцепарателно.[50]
На Тур де Франс возел како поддршка на неговиот брат. Сепак му било дозволено бегство и ја освоил етапат 12 во тричлен спринт против Билбао и Милбергер.[51] За жал, надежите на Адам за генералниот пласман исчезнале кога изгубил време на поединечниот хронометар и искачувањето до Турмале.[52] Ова значело дека Сајмон бил ослободен од функцијата „работник“ и екипата се насочила на етапни победи,[53] и тој освоил уште една планинска етапа по соло-напад на етапата 15,[54] со што неговата екипа имала три победи на трката пред вториот ден за одмор.[55]
2020
[уреди | уреди извор]Во септември 2020 година, Јејтс ја освоил Тирено-Адријатико поразувајќи го Герајнт Томас и станувајќи прв британски победник на трката.[56] Следниот месец, Јејтс возел на Џиро д’Италија. Меѓутоа, морал да ја напушти трката пред почетокот на осмата етапа, откако добил позитивен тест за КОВИД-19.[57]
2021
[уреди | уреди извор]Во април 2021 година, Јејтс ја освоил првата трка во сезоната со победа на Трката на Алпите. Завршил 58 секунди пред Шпанецот Пељо Билбао и Русинот Александар Власов, завршувајќи трет.[58]
На Џиро д’Италија, Јејтс ја освоил етапата 19 која завршила на Алпе ди Мера, поразувајќи го крајниот победник Еган Бернал за 28 секунди.[59] На крајот завршил трет во Милано.
Допинг
[уреди | уреди извор]Во април 2016 година било објавено дека Јејтс бил позитивен на забранетата супстанца тербуталин во тест на трката Париз-Ница претходниот месец,[19] каде завршил седми.[60] Во изјава, Орика-ГринЕЏ ја презела целата одговорност за резултатот на тестот, велејќи дека докторот на екипата пропуштил да побара изземање на употребениот инхалатор за астма за Јејтс, што довел до позитивниот тест.[19] Подоцна, UCI издал изјава во која навел дека Јејтс нема да биде привремено суспендиран поради тестот.[61]
На 17 јуни, UCI одлучил да издаде четиримесечна забрана за „ненамерен допинг“,[62] почнувајќи од 12 март (датумот на позитивниот тест), што го спречило Јејтс да учествува на Тур де Франс 2016.[63]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]Друмски велосипедизам
[уреди | уреди извор]- 2011
- 1. Етапа 6 Тур де л’Авенир
- 1. Краен пласман Твајнингс Про-Ам Тур
- 9. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
- 2013
- 1. Светско велодромско првенство - Бодовна трка
- 1. Краен пласман Предизвик Арден
- 1. Етапа 4
- 3. Краен пласман Трка околу Британија
- 1. Етапа 6
- 3. Ла Кот Пикард
- 9. Краен пласман Ан Пост Рас
- 10. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 6
- 10. Краен пласман Флеш ди Сид
- 10. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
- 10. Краен пласман Трка околу Чешка
- 2014
- 1. Планински пласман Трка околу Алберта
- 3. Национално друмско првенство
- 7. Краен пласман Трка околу Словенија
- 2015
- 5. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 5. Краен пласман Трка околу Баскија
- 6. Краен пласман Тур де Романди
- 2016
- 1. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
- 2. Сиркуито де Гечо
- 4. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 6. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 6
: 7. Краен пласман Париз-Ница
- 7. Класика де Сан Себастијан
- 2017
- 1. ГП Мигел Индураин
- 2. Краен пласман Тур де Романди
- 1. Етапа 4
- 7. Краен пласман Тур де Франс
- 9. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 6
- 2018
- 1. Светска турнеја на UCI
- 1. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1. Комбиниран пласман
- 1. Етапа 14
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 9
- 1. Етапа 11
- 1. Етапа 15
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 7
- 2. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 7
- 2. Пруеба Вилјафранка де Ордисија
- 4. Краен пласман Волта а Каталуња
- 1. Етапа 7
- 2019
- Тур де Франс
- 1. Етапа 12
- 1. Етапа 15
- Вуелта а Андалусија
- 1. Етапа 5 (ITT) Париз-Ница
- 8. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2020
- 1. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1. Етапа 5
- 3. Краен пласман Трка околу Полска
- 7. Краен пласман Тур Даун Андер
- 10. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
- 2021
- 1. Краен пласман Трка на Алпите
- 1. Етапа 2
- 3. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 19
- 4. Краен пласман Трка околу Хрватска
- 9. Краен пласман Волта а Каталуња
- 10. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 2022
- 1. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
- 1. Етапа 2
- 1. Пруеба Виљафранка де Ордисија
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 2 (ITT)
- 1. Етапа 14
- Вуелта а Астурија
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Етапа 8
- 5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 6. Класика де Сан Себастијан
Распоред на резултатите
[уреди | уреди извор]Распоред на резултатите на големите трки | |||||||||
Голема трка | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | 21 | 8 | СО | 3 | СО |
Тур | СО | 89 | — | 7 | — | 49 | — | СО | — |
Вуелта | — | — | 6 | 44 | 1 | — | — | — | СО |
Распоред на резултатите на поважните етапни трки | |||||||||
Трка | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Париз-Ница | 44 | 29 | ДСК | 9 | 2 | 25 | — | — | 2 |
Тирено-Адријатико | — | — | — | — | — | — | 1 | 10 | — |
Волта а Каталуња | — | — | — | — | 4 | 13 | НСО | 9 | СО |
Трка околу Баскија | 11 | 5 | СО | 22 | — | — | — | — | |
Тур де Романди | — | 6 | — | 2 | — | — | — | — | |
Критериум ди Дофине | — | 5 | — | 13 | — | — | — | — | — |
Тур де Свис | не настапил во текот на неговата кариера |
Распоред на резултатите на класиците
[уреди | уреди извор]Монумент | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | 37 | 95 | — | — | — | — | — | — |
Трка околу Фландрија | не настапил во текот на неговата кариера | ||||||||
Париз-Рубе | |||||||||
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | 39 | — | 153 | — | — | — | — | — |
Џиро ди Ломбардија | СО | 18 | — | — | — | — | — | 86 | — |
Класик | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Страде Бјанке | — | — | — | — | — | — | — | 63 | — |
Флеш Валон | 78 | 62 | — | — | — | — | — | — | — |
Класика де Сан Себастијан | СО | 14 | 7 | 18 | — | СО | НСО | 22 | 6 |
Гран при Квебек | 22 | 82 | — | — | — | — | НСО | — | |
Гран при Монтреал | 36 | 16 | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Велодромски
[уреди | уреди извор]- 2009
- 3. Национално јуниорско првенство - медисон (со Адам Јејтс)
- 2010
- Светски јуниорски првенства
- 1. Медисон (со Даниел Меклеј)
- 2. Екипна потера
- Национални јуниорски првенства
- 1. Медисон (со Адам Јејтс)
- 2. Скреч
- 2. Бодовна трка
- Национални првенства
- 2. Бодовна трка
- 2. Скреч
- 2011
- 1. Шест дена Гент (со Овен Дул)
- 2. Национално првенство - омниум
- 3. Светски куп - екипна потера, Пекинг
- 2012
- Национални првенства
- 1. Медисон (со Марк Кристијан)
- 1. Омниум
- 1. Екипна потера
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Сајмон Јејтс“. Eurosport Australia. Посетено на 22 февруари 2013.
- ↑ Bridgewood, Oliver (6 August 2015). „Simon Yates's Scott Addict“. Cycling Weekly. Посетено на 9 September 2015.
- ↑ „GreenEDGE Cycling“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
- ↑ Слејтер, Мат (27 септември 2014). „Сајмон и Адам Јејтс: Мо--це од Бери на пат до врвот“. bbc.co.uk. Посетено на 28 септември 2014.
- ↑ Беван, Крис (22 февруари 2013). „Џејсон Кени и Сајмон Јејтс ги освоија златните медали на Светското првенство за Британија“. BBC Sport. Минск, Белорусија: BBC. Посетено на 22 февруари 2013.
- ↑ „Сајмон Јејтс и брат му Адам завршија прв и втор на етапата пет на Тур де л'Авенир“. Sky Sports. BSkyB. 29 август 2013. Посетено на 29 август 2013.
- ↑ „Сајмон Јејтс дојде до втора последователна победа на етапата шест на Тур де л'Авенир“. Sky Sports. BSkyB. 30 август 2013. Посетено на 31 август 2013.
- ↑ „Трка околу Британија - Јејтс победи на шестата етапа, Вигинс го одржа водството“. Yahoo Eurosport. Посетено на 20 септември 2013.
- ↑ „Трка околу Британија: Сајмон Јејтс победи на шестата етапа, Бредли Вигинс предводи“. BBC Sport. Посетено на 1 октомври 2013.
- ↑ „Трка околу Британија 2013, етапа осум: Сер Бредли Вигинс триумфираше по спринтот на Марк Кевендиш за победа во Лондон“. Telegraph Online. Посетено на 1 октомври 2013.
- ↑ „Браќата Јејтс ја потврдија преселбата во Орика-ГринЕЏ“. Cyclingnews.com. Future plc. 3 октомври 2013. Посетено на 3 октомври 2013.
- ↑ Cycling News (29 April 2014). „Simon Yates crashes out of the Tour of Turkey“. Cyclingnews.com.
- ↑ „BBC Sport – Tour de France: Britain's Simon Yates handed unexpected berth“. BBC Sport.
- ↑ „Simon Yates withdraws from Tour de France“. Cycling Weekly. 21 July 2014.
- ↑ „Yates clinches fifth-placed finish“. BT.com. Архивирано од изворникот на 2015-04-14. Посетено на 2015-04-26.
- ↑ „Критериум ди Дофине: Крис Фрум ја освои втората титула“. BBC.
- ↑ http://www.theguardian.com/sport/2015/jun/27/tour-de-france-2015-yates-twins-orica
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-10-23.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 „Simon Yates: British cyclist fails drug test 'due to asthma inhaler'“. bbc.co.uk. 29 April 2016. Посетено на 29 April 2016.
- ↑ „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
- ↑ „Tour de Romandie: Britain's Simon Yates second as Richie Porte wins on final stage“. BBC Sport. Посетено на 17 јули 2017.
- ↑ „Adam Yates will lead Mitchelton-Scott team at 2018 Tour de France; Simon Yates to Giro and Vuelta“. Cycling Weekly (англиски). 15 декември 2017. Посетено на 2 март 2018.
- ↑ Windsor, Richard (11 March 2018). „Marc Soler grabs Paris-Nice title by four seconds from Simon Yates on final stage“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 3 January 2019.
- ↑ Fotheringham, Alasdair (25 March 2018). „Volta a Catalunya: Simon Yates wins final stage, Valverde takes overall“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ „Yates ready to lead team at debut Giro d'Italia“. Јуроспорт. Dplay Entertainment Limited. 27 April 2018. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Windsor, Richard (4 May 2018). „Tom Dumoulin stamps authority on Giro d'Italia with stage one time trial victory“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Ryan, Barry (10 May 2018). „Giro d'Italia: Chaves seizes the moment at Mount Etna“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Fordyce, Tom (13 May 2018). „Giro d'Italia: Simon Yates wins stage nine to extend lead as Chris Froome fades“. BBC Sport. BBC. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Fotheringham, Alasdair (15 May 2018). „Simon Yates: I'm very disappointed for Esteban“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Skelton, Jack (16 May 2018). „Giro d'Italia: Simon Yates extends lead with stage 11 victory“. BBC Sport. BBC. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ „Chris Froome wins Giro d'Italia stage 14 as Simon Yates extends overall lead“. Sky Sports. Sky UK. PA Media. 19 May 2018. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Fordyce, Tom (21 May 2018). „Giro d'Italia: Simon Yates extends lead with fine solo win on stage 15“. BBC Sport. BBC. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Windsor, Richard (22 May 2018). „Simon Yates holds on to pink as Rohan Dennis wins Giro d'Italia stage 16 time trial“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ „Giro d'Italia 2018 - Stage 18“. www.procyclingstats.com.
- ↑ „Giro d'Italia 2018 - Stage 19“. www.procyclingstats.com.
- ↑ Ryan, Barry (25 May 2018). „Simon Yates: I was just really tired and exhausted“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ Ostanek, Daniel (27 May 2018). „Giro d'Italia: Chris Froome takes a third straight Grand Tour victory“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 24 July 2020.
- ↑ 38,0 38,1 Фотерингем, Аласдер (23 август 2018). „Simon Yates on track for Vuelta a Espana in final countdown“. cyclingnews.com. Посетено на 16 септември 2018.
- ↑ 39,0 39,1 „How Simon Yates set his winning course at La Vuelta“. eveningexpress.co.uk. 16 септември 2018. Посетено на 16 септември 2018.
- ↑ „Vuelta a Espana: Jesus Herrada takes leader's jersey from Simon Yates“. bbc.co.uk. 6 септември 2018. Посетено на 16 септември 2018.
- ↑ „Oscar Rodriguez snatches Vuelta win while Simon Yates mounts attack“. theguardian.com. 7 септември 2018. Посетено на 16 септември 2018.
- ↑ Виндзор, Ричард (15 септември 2018). „Simon Yates sets up Vuelta a España 2018 overall victory as Enric Mas wins gruelling stage 20“. Cycling Weekly. Посетено на 16 септември 2018.
- ↑ „Simon Yates: British cyclist wins first Grand Tour at Vuelta a Espana“. bbc.co.uk. 16 септември 2018. Посетено на 16 септември 2018.
- ↑ Пит, Верн (2017-06-27). „Simon Yates admits his time trialling may always be a weakness as he heads to the Tour de France“. Cycling Weekly (англиски). Посетено на 30 јули 2019.
- ↑ Бароус, Џош (2018-05-22). „Simon Yates: my advantage could be wiped out in time-trial“. The Times (англиски). ISSN 0140-0460. Посетено на 2019-07-30.
- ↑ Косинс, Питер (2019-03-14). „Simon Yates: 'I wasn't expecting time trial win'“. Cycling Weekly (англиски). Посетено на 2019-07-22.
- ↑ Балингер, Алекс (2019-03-14). „Simon Yates takes first career time trial victory on Paris-Nice 2019 stage five“. Cycling Weekly (англиски). Посетено на 2019-07-30.
- ↑ www.cyclingnews.com http://www.cyclingnews.com/news/simon-yates-im-the-number-one-favourite-for-the-giro-ditalia/. Посетено на 2019-07-30. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Giro d'Italia: Simon Yates makes strong start behind winner Primoz Roglic in opening time trial“ (англиски). 2019-05-11. Посетено на 2019-07-30.
- ↑ www.cyclingnews.com http://www.cyclingnews.com/news/simon-yates-vows-to-come-back-to-try-again-after-heartbreaking-giro-ditalia/. Посетено на 2019-07-22. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Браун, Грегор (2019-07-18). „Simon Yates 'wasn't confident' of winning final sprint of Tour de France stage 12“. Cycling Weekly (англиски). Посетено на 2019-07-22.
- ↑ www.cyclingnews.com http://www.cyclingnews.com/news/tour-de-france-dream-over-for-adam-yates-after-tourmalet-stage/. Посетено на 2019-07-22. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „Mitchelton-SCOTT to change focus after dropping out of GC contention of stage 14 of the TdF“. Mitchelton-SCOTT GreenEDGE Cycling. Архивирано од изворникот на 2019-07-22. Посетено на 2019-07-30.
- ↑ „Tour de France 2019: Simon Yates wins stage 15 as Geraint Thomas gains time“ (англиски). 2019-07-21. Посетено на 2019-07-22.
- ↑ „A second stage victory for Simon Yates makes it a hat-trick of wins for MTS at the Tour de France“. www.greenedgecycling.com. Архивирано од изворникот на 2019-07-22. Посетено на 2019-07-22.
- ↑ „Yates first Briton to win Tirreno-Adriatico“. sport24. Посетено на 14 September 2020.
- ↑ „Giro d'Italia: Simon Yates out of race with Covid-19“. BBC Sport. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ „Yates wins Tour of the Alps“. BBC Sport (англиски). Посетено на 2021-04-25.
- ↑ „Giro d'Italia: Egan Bernal survives as Simon Yates wins stage 19“. Cyclingnews.com. Future plc. 28 May 2021. Посетено на 2021-05-30.
- ↑ Кери, Том (13 март 2016). „Geraint Thomas wins Paris-Nice to claim biggest title of career“. telegraph.co.uk. Посетено на 29 април 2016.
- ↑ „Simon Yates: UCI not suspending cyclist despite failed drugs test“. bbc.co.uk. Посетено на 29 април 2016.
- ↑ „UCI statement on Simon Yates“. www.uci.ch. Посетено на 2018-05-25.
- ↑ „Simon Yates handed four-month 'non-intentional' doping ban“. Cycling News. 17 јуни 2016. Посетено на 17 јуни 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Сајмон Јејтс (велосипедист)“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Сајмон Јејтс“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Сајмон Јејтс“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Сајмон Јејтс“. ProCycling.
|
|
|
|
- Родени во 1992 година
- Луѓе од Бери
- Англиски велосипедисти
- Британски велосипедисти
- Британски етапни победници на Тур де Франс
- Британски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Британски етапни победници на Џиро д’Италија
- Велодромски велосипедисти
- Победници на Вуелта а Еспања
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020
- Олимписки велосипедисти на Велика Британија