Прејди на содржината

Потрошувачка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Потрошувачката е економска активност која се однесува на употребата на стоките и услугите.

Теорија на потрошувачката

[уреди | уреди извор]

Според некои економисти, како Бенфилд и Џевонс, желбите на луѓето се почетната точка во проучувањето на потрошувачката. Така, Бенфилд смета дека „првата поставка на теоријата на потрошувачката е дека задоволувањето на секоја желба од понизок ранг создава стремеж кон повисока желба“, додека Џевонс се служи со слична поставка - „задоволувањето на секоја пониска желба овозможува да се манифестира повисоката желба“. Алфред Маршал го критикува ваквото сфаќање и тврди дека, не желбите, туку развојот на човековите активности води кон побарувачка и потрошувачка на нови стоки и услуги.[1]

Потрошувачката и доходот

[уреди | уреди извор]

Вообичаено, потрошувачката на луѓето зависи од нивниот доход, односно потрошувачката на побогатите луѓе се разликува од потрошувачката на посиромашните. На пример, Анкетата на расходите на потрошувачите во САД во 2003 година покажала дека просечната годишна потрошувачка на најбогатите 20 % од населението изнесувала 81 731 долар, додека просечната потрошувачка на најсиромашните 20 % од населението изнесувала само 18 492 долари. Со други зборови, најбогатите 20 % од населението трошеле 4,4 пати повеќе од најсиромашните 20 % од населението. Меѓутоа, структурата на потрошувачката на богатите луѓе значително се разликува од структурата на потрошувачката на сиромашните. На пример, потрошувачката на цигари на богатите луѓе била само 20 % поголема од потрошувачката на цигари на сиромашните; потрошувачката на храна на богатите луѓе била двапати поголема од онаа на сиромашните; трошоците за образование на богатите луѓе биле 3,7 пати поголеми од оние на сиромашните луѓе; трошоците за забава на богатите луѓе биле 6,7 пати поголеми од оние на сиромашните; трошоците на богатите за животно осигурување биле 7,8 пати поголеми од оние на сиромашните луѓе; додека расходите на богатите луѓе за пензиско и социјално осигурување биле дури 37,8 пати поголеми од таквите расходи на сиромашните луѓе. Според тоа, богатите луѓе трошат релативно повеќе за забава, лично осигурување и за пензиско и социјално осигурување, додека релативно помалку трошат за цигари, храна, здравствени услуги и образование.[2]

  1. Alfred Marshal, Principles of Economics. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 90.
  2. Jeffrey Perloff, Microeconomics (fourth edition). Boston etc.: Pearson/Addison-Wesley, 2007, стр. 117.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
pFad - Phonifier reborn

Pfad - The Proxy pFad of © 2024 Garber Painting. All rights reserved.

Note: This service is not intended for secure transactions such as banking, social media, email, or purchasing. Use at your own risk. We assume no liability whatsoever for broken pages.


Alternative Proxies:

Alternative Proxy

pFad Proxy

pFad v3 Proxy

pFad v4 Proxy